Поврзете се со нас

Skopje Global

Софија Лорен одново на филм

Екстра Глобал

Софија Лорен одново на филм

kathclick/BigStock.com

Софија Лорен одново на филм

Познатата италијанска филмска ѕвезда од постарата генерација, Софија Лорен, одново се појавува како актерка во еден филм, после пауза од 11 години. Сега веќе 86 годишната Италијанка, има една од главните улоги во филмот „Животот е пред нас“, што го режира нејзиниот син Едуардо Понти.

Во филмот, Лорен ја има улогата на госпоѓата Роза, инаку Еврејка, која ги преживеала стравотиите на Холокаустот, па одлучила да води грижа за едно напуштено дете-сираче од Сенегал.

Филмот е снимен според романот „ Мадам Роза“ на францускиот писател Ромен Гари и ова е негова втора филмска верзија. Првата е снимена во Франција, уште во 1978 година, во која главниот женски лик го има толкувана тогашната ѕвезда на францускиот филм, Симон Сињоре.

Филмот премиерно е прикажан минатиот месец, во Рим, а од неодамна е ставен на Нетфликс мрежата, која се појавува како продуцент.

„Ја прифатив улогата на Роза, затоа што ме потсетува на мојата мајка“ – има речено Лорен, која и покрај поодминатите години делува мошне витално.

Ова е втор пат таа да игра во филм што го режира нејзиниот син. Прв пат тоа било пред 18 години.

Едуардо Понти е син на Лорен од нејзиниот брак со познатиот италијански продуцент од пост-воената генерација, по Втората светска војна, Карло Понти. Токму тој ја има направено тогаш непозната млада актерка во филмска ѕвезда, позната и во Европа и во Холивуд.

Во разговор со домашните новинари Софија Лорен има речено дека, практично, престанала да глуми, иако се уште добива понуди од режисерите. Но , дека никако не можела да ја одбие понудата на синот- режисер.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе