Поврзете се со нас

Skopje Global

Меркел: Македонија се уште има шанса

Западен Балкан

Меркел: Македонија се уште има шанса

palinchak/BigStock.com

Меркел: Македонија се уште има шанса

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Македонија се уште има шанси да стигне до тоа – правата меѓувладина седница со ЕУ да се одржи до крајот на оваа година, во текот на германското претседателство со Унијата.

На видео конференцијата со европарламентарците, членови на неколку комисии од Европскиот Парламент, Меркел, меѓутоа, признала дека претседателството на Германија продолжува да се соочува со (веќе познатите) тешкотии, околу одржувањето на таа седница, врзани за бугарското вето, како и со тоа дека се уште има потреба од преговори меѓу Софија и Скопје.

„Се соочуваме со тешкотии“

„Се соочуваме со тешкотиите околу одржувањето на првата меѓувладина седница со Република Северна Македонија. Што се однесува до Албанија, таа има направено голем напредок, но прашањето е дали ќе успееме да стигнеме со Македонија, затоа што постои потреба од (натамошни) преговори меѓу Скопје и Софија.„ – рекла Меркел.

На дополнителните прашања од европратениците, германскиот канцелар рекла дека таа се уште се надева оти Македонија, уште оваа година, ќе го започне преговарачкиот процес за влез во Унијата. При тоа, Меркел рекла дека Албанија, сепак, ќе мора да причека.

Објаснувајќи ја таа ситуација и тоа што Меркел повторно (како во јули, кога го презеде претседателството со ЕУ) прави разлика меѓу Република Северна Македонија, на која и дава предност и Република Албанија, таа посочила дека албанскиот случај е “малку поинаков“.

Неизвесно со Албанија

“И покрај постигнатиот напредок, не можам да ветам дека и Албанија, годинава, би можела да го отвори преговарачкиот процес. Но, во секој случај, тоа ќе биде многу брзо“ – изјавила Ангела Меркел во текот на видео конференцијата со европските пратеници.

Германскиот канцелар одново ја повторила својата и заложбата на Германија дека му се посветува големо внимание на регионот на Западен Балкан.

Таму се уште има тензии, но има и напредок и тоа е факт – посочила Меркел.

Изјавата на актуелниот претседавач на Унијата, за се уште присутните шанси за Македонија, доаѓа откако од Брисел, неидентификувани дипломатски извори имаат речено дека такви шанси (практично) нема, затоа што Софија нема намера да ја повлече блокадата, до крајот на годинава, до кога трае и мандатот на Меркел и на Германија.

„Поддршка“ со вето

Така, или не, германскиот канцелар со својата изјава пред европратениците, ги охрабрува двете страни, засегнати во овој (наметнат од бугарска страна) спор со Македонија, да продолжат со преговорите во потрагата по взаемно прифатливо решение.

Во исто време, бугарскиот премиер Бојко Борисов, изгледа дека излезе од сенката на својата министерка за надворешни работи. Во неделата има дадено изјава околу бугарската блокада на македонскиот европски пат, која, сепак, не се разликува многу од оние на министерката.

Како таа и премиерот порачува дека Софија “силно ја подржува Република Северна Македонија на патот кон ЕУ, но без преправање на историјата“!

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе