Поврзете се со нас

Skopje Global

„Кина криела од светот за коронавирусот“

Свет

„Кина криела од светот за коронавирусот“

stargazer84/BigStock.com

„Кина криела од светот за коронавирусот“

На почетокот од епидемијата со коронавирусот, која се претвори во глобална пандемија, од која светот не може се уште да се ослободи, Кина и тамошните власти ги криеле вистинските податоци, за размерот на заразата, прикажувајќи помалку случаи на заразени – јавува американската Си-Ен-Ен, повикувајќи се на службени документи од кои се гледаат големите кинески пропусти.

Документите американската глобална телевизиска мрежа ги има добиено од анонимни извори, но тие ги потврдуваат, веќе од порано изразените сомнежи на здравствени експерти во Европа и во САД, дека Кина не само што нема давано потребни информации за здравствената ситуација, туку воопшто не известила ниту за „пикот во врска со сезонските грипови, во провинцијата Хубеј во текот на декември минатата година.

Кратење на заразените и починатите

Тоа сега е важно сознание, затоа што тоа е времето кога во Кина, всушност, избувнала епидемијата и кога се регистрирани првите случаи на корона. Тоа, пак, само ја покажува кинеската нетранспарентност.

„Вака, или онака, но токму ова и вакво однесување ја има распалено кризата со вирусот“ – смета експертот за глобално здравство Јанџонг Хуанг, во изјава за Си – Ен – Ен.

Оваа телевизиски компанија објаснува дека документите кои ги има добиено биле верификувани од повеќе здравствени експерти, а од нив може да се види дека некои жртви не биле воопшто регистрирани. Се посочува 17 февруари оваа година, кои се означува и како најлош ден, затоа што имало 196 починати пациенти, а во официјалните документи, како и оние за јавноста, стои дека имало 93 мртви.

Според официјалните документи, Кинезите го имаат намалено за повеќе од шест илјади бројот на заразените (сето ова е времето на самиот почеток на епидемијата), само во еден ден, пријавувајќи дека има 2500 новозаразени. Сите други, властите ги имаат регистрирано како „сомнителни“ случаи.

„Извоз“ на вирусот

Овие бројки добиваат на тежина и на значење затоа што, според американски експерти и лекари епидемиолози, доколку Кина беше искрена на почетокот и наместо што тврдеше дека лекува пациенти од грип, намалувајќи го драстично бројот на заразените и починатите, светот и лекарите рано ќе се фатеа во костец со вирусот и посебно со заразата.

Наместо тоа, Кина во декември и во јануари остави нејзините луѓе да патуваат низ светот, главно во Европа и во САД.

Или, ако не беше сокривањето на вистинската состојба, побрзо и порано ќе можеше да се смири (уште тогаш) распалената атмосфера. Прво, во самиот Вухан, па во провинцијата Хубеј и во самата Кина, но секако, немаше светот да се соочи со силината на короната, ако ништо друго, не во оној обем со кој беше погодна Европа.

Странските експерти, анализирајќи ги документите кои ги има Си – Ен – Ен коментираат дека, на пример, во почетокот од март на кинеските лаборатории им требале три недели за да ги потврдат симптомите на заразата. Односно, за да таа се потврди (!), а всушност, за тоа се потребни само три денови.

„Грипозни“ со корона!

Уште повеќе, овие експерти инсистираат дека Кина (во тоа време) добро знаела за постоењето на вирусот, ако по ништо друго, тоа според податоците дека бројот на болните од “грип“ во провинцијата Хубеј (каде припаѓа Вухан) е дури 20 ПАТИ повисок во споредба со истиот месец во 2019 година.

Пациентите биле третирани како „грипозни„иако било јасно дека тоа не е грип. Едноставно, затоа што кинеските лекари знаат да прават разлика меѓу „обичен грип“ и нов, непознат вирус. Но, сето тоа го оправдувале со рутинскиот заклучок дека симптомите се слични, па луѓето не само што не биле лекувани како треба, туку биле оставени надвор од изолација и карантин.

А, сега се верува дека се работело за коронавирусот, иако тој веднаш не бил детектиран. Меѓутоа, се молчело за она со што се случувало во Вухан и во Хубеј. Најпоразувачко во сето ова, е што од Кина светот нема примено никаква информација за декемврискиот пик со заразувањето. Тоа, пак, открива дека вирусот уште во декември, се префрлил од животно (кое и да е) на луѓето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе