Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Четириесет години од убиството на Џон Ленон

Четириесет години од убиството на Џон Ленон

Пред 40 години, во Њујорк беше убиен британскиот музичар и пејач Џон Ленон, еден од прославената ливерпулска четворка „Битлси“. Беше убиен пред куќата во која живееше, враќајќи се дома од музичкото студио, заедно со својата сопруга Јоко Оно.

Музичарот кој со „Битлси“ и со другарот од групата Пол Макартни покренаа вистинска револуција во популарната музика во Британија и насекаде низ светот, беше смртно застрелан во грбот со четири истрели од пиштол. Имаше само 40 години.

Автограм за убиецот

Ленон бил веднаш префрлен во болница, со првото полициско возило, кое се нашло на местото на убиството во елитниот дел на њујоршки Менхетен. Но, повредите биле толку тешки, а застреланиот имал изгубено толку многу крв, што лекарите можеле само да констатираат смрт.

Неговиот убиец Марк Чепмен кој тогаш имаше само 25 години, полицијата брзо го најде и го уапси. Велат дека тој не се ниту криел, туку читајќи книга пред зградата каде живеел, чекал да дојдат полицајците и да го уапсат.

Претходно, истиот ден, кога го има извршено убиството, Чепмен го чекал музичарот да излезе од својот дом и му побарал и добил автограм. Џон Ленон му се потпишал на својот убиец на омотот од лонг-плеј плочата „Double Fantasy“ – последниот албум на музичарот.

Подоцна, Јоко Оно има признаено дека многу повеќе ја има потресено фотографијата како Ленон му дава автограм на Чепмен, иако тоа утро имал многу работа во студиото и бил нервозен, од фотографиите со мртвото тело на нејзиниот сопруг.

Жалење по 40 години

Чепмен ја издржува казната доживотен затвор во еден од њујоршките затвори. Есенва и по 11 пат беше одбиено неговото барање за пуштање на условна слобода. Во меѓувреме се има оженето, а неговата сопруга имала стан покрај затворската зграда.

Во затворот станал религиозен и летоска за прв пат призна дека се кае и дека жали за убиството на Џон Ленон за кој рекол дека му бил идол, но и на кого му завидувал што многу млад успеал во животот.

Од некогашните „Битлси“ живи се само двајца – Пол Макартни (78) и тапанарот Ринго Стар (80). Како и да е, Макартни има подготвено нов, 18 по ред албум, а Ринго со својот бенд планира турнеја низ САД, во летото 2021 година. Ако дозволи коронавирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе