Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Трамп го помилува свекорот на ќерката Иванка

Трамп го помилува свекорот на ќерката Иванка

Американскиот претседател на заминување Доналд Трамп го помилува својот сват – свекорот на ќерката Иванка и татко на специјалниот советник за Блискиот Исток и зет, Џаред Кушнер.

Чарлс Кушнер е правосилно осуден на две години затвор, уште 2004 година, но издржувањето на казната се одлагало со години со разни правни лекови и жалби.

Таткото на зетот на претседателот на САД, инаку градежен претприемач, бил обвинет за дури 18 разни дела поврзани со неплаќање и прикривање данок, за влијание и вршење притисок врз сведоците, како и за давање незаконски донации.

Одмор на Флорида

Помилувањето на таткото на Џаред Кушнер било соопштено непосредно по пристигнувањето на Трамп, сопругата Меланија и нивниот син, во Палм Бич, на Флорида каде американскиот претседател ги минува божикните и новогодишните празници. На семејството набргу потоа им се приклучиле и ќерката на Трамп, од првиот брак Иванка и нејзиниот сопруг Кушнер.

Од тоа семејно дружење за време на празниците, се појавуваат бројни коментари на социјалните мрежи, а најмногу за веќе многу често обработената тема за нетрпеливоста на Иванка и се уште „првата дама“ на САД Меланија Трамп.

Најчесто се користи семејната фотографија што ја има поставено ќерката на претседателот, на која ја нема нејзината маќеа, сегашната сопруга на нејзиниот татко.

Изминатата недела, претседателот на САД го одликува својот зет, со медал за национална безбедност, за како што беше соопштено, посебни постигнување и придонес на полето на националната безбедност.

Вообичаена пракса

Таткото на Џаред Кушнер е еден од досега, вкупно, 26-те помилувани лица, како и тројцата осуденици на кои им е намалена казната, во рамките на (вообичаената) пракса, за која велат потекнува уште од времето на Абрахам Линколн – претседателот на заминување од функцијата да изврши помилување на лица кои се наоѓаат на отслужување на затворската казна во затворите низ САД.

Поранешниот претседател Бил Клинтон, пред крајот на својот втор мандат, има помилувано дури 140 лица.

Сега се очекува бројот на помилуваните од страна на Трамп да биде поголем од досегашниот број, до неговото заминување од Белата куќа, на 20 јануари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе