Поврзете се со нас

Skopje Global

Отштета за жртвите од соборениот украински авион

Свет

Отштета за жртвите од соборениот украински авион

Alla_Greeg/BigStock.com

Отштета за жртвите од соборениот украински авион

Иранската влада соопшти дека на семејствата на секој од 176-те патници и членови на екипажот, кои загинаа откако иранската револуционерна гарда го собори украинскиот патнички авион, ќе им исплати отштета од по 150 илјади долари.

Авионот „Боинг-737“ на компанијата УИА, на почетокот од јануари оваа година, беше погоден со две ракети, набргу откако полета од аеродромот во Техеран, на својот лет кон Киев.

„Катастрофална грешка“

Веднаш по падот на авионот, иранските власти отфрлаа секаква одговорност, но подоцна, притиснати од бројните докази и сознанија на земјите чии патници беа во леталото, за тоа дека Боингот е ракетиран, официјален Техеран признаа дека авионот бил “ненамерно соборен“.

Иранците, подоцна и се извинија, обвинувајќи ги за “катастрофалната грешка“ припадниците на една од единиците за против-воздушна одбрана на иранската револуционерна гарда.

Во овој трагичен инцидент, загинаа 82 Иранци, потоа 63 Канаѓани, 11 украински граѓани, како и по четворица Британци и Авганистанци, тројца Германци и целата посада на авионот.

Владата во Киев побара од иранските власти преговори околу компензацијата за загинатите, но и откривање на виновниците за соборувањето на авионот и нивно казнување. Не се знае како на ова реагирале во Техеран.

Авионот – колатерална штета

Авионот беше соборен во моментите кога се чинеше дека Блискиот Исток е на работ од ново воено судирање, овој пат меѓу САД и Иран.

Иранската против-воздушна одбрана беше во тревога, очекувајќи секој момент американски воздушен напад, откако претходно Иранците ракетираа три бази на Американците и на нивните сојузници стационирани во Ирак.

Тоа требаше да биде одмаздничка операција на иранската револуционерна гарда, за убиството на нејзиниот главен командант Касим Сулејмани.

Тој беше убиен на 3 јануари, на аеродромот во Багдад, каде престојуваше во тајна посета. Непосредно пред да влезе во авионот за да се врати во Техеран беше убиен во напад со американски дрон.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе