Поврзете се со нас

Skopje Global

Аптекар намерно уништил 570 дози вакцина

Екстра Глобал

Аптекар намерно уништил 570 дози вакцина

Sertur_vetan/BigStock.com

Аптекар намерно уништил 570 дози вакцина

Еден аптекар, вработен во болницата во местото Графтон, во близината на американскиот град Милвоки, е уапсен, откако е обвинет дека намерно уништил 570 дози од новата вакцина против коронавирусот.

Обвинетиот, чиј идентитет не се открива, ги извадил вакцините од замрзнувачот каде тие мора да се чуваат, по што целата таа доза станала неупотреблива. Станува збор за вакцини на американската фирма „Модерна“.

На првото сослушување обвинетиот аптекар ја признал вината, не криејќи дека го направил тоа за што се обвинува, но полицијата не открива кој е мотивот за стореното кривично дело.

Засега не се знае зашто еден аптекар, уште вработен во болница, би ги уништувал толку многу очекуваните вакцини против вирусот што во голем број, продолжува да убива во САД и на разни страни во светот.

Една претпоставка е дека тој му припаѓа на движењето на анти-ваксерите кои се против вакцинирањето, воопшто, кои инаку во не мал број ги има низ САД, а посебно во провинцијата на Америка.

Другата, пак, е дека станува збор за противник на вакцинирање од верски побуди. Конечно, постојат претпоставки и дека човекот тоа да го направил од некакви економски мотиви.

Освен што е во затвор, аптекарот веднаш по инцидентот останал и без работа – добил отказ од управата на болницата.

Инцидентот во Графтон доаѓа во време кога истражувањата на јавното мислење покажува дека (засега) само околу 40 отсто од Американците изјавуваат дека се спремни да примат вакцина против короната.

Најголемиот дел од анкетираните изјавиле дека се сомневаат во „исправноста“ на вакцината, затоа што таа (наводно) е произведена набрзина и без темелна проверка.

Здравствени експерти, меѓутоа, уверуваат дека таквите тврдења кои се шират на интернет, се сосема погрешни.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе