Поврзете се со нас

Skopje Global

Колективна оставка на холандската влада

Европа/ЕУ

Колективна оставка на холандската влада

GabrielPetrescu/BigStock.com

Колективна оставка на холандската влада

Холандската влада поднесе колективна оставка, по избувнувањето на скандалот поврзан со лажното обвинување за измама поврзана со детскиот додаток што им бил даван на голем број семејства, за подобрување на социјалната положба на нивните деца.

Всушност, не станува дека некој мамел или ги злоупотребувал државните пари предвидени за бенефиции за децата, туку во тоа што државата Холандија, или цела низа владини и државни органи ПОГРЕШНО и без основа имаат обвинето низа холандски семејства дека извршиле измама, примајќи ги парите за детски додаток, па биле натерани да ги враќаат парите.

Државата против родителите

Во извештајот направен за скандалот се посочува дека владини министри, државни службеници на разни нивоа, даночници, политичари и судии, заедно со пратениците во Парламентот, им имаат нанесено „неспоредливо тешка неправда“ на тие семејства кои ниту можеле да се жалат, ниту да се спротивстават и да ја докажуваат својата невиност.

Многу од семејствата кои се нашле „на тапет“ на државата, биле со имигрантско потекло, со недоволно финансиска способност за издржување на своите деца, па стотици вакви семејства, присилени да враќаат пари, западнале во финансиска криза – буквално останале без пари.

Целата влада, предводена од премиерот Марк Руте поднесоа затоа оставка кај холандскиот крал.

Погрешни обвинувања

„Невини луѓе беа прогласувани за криминалци, за сторен криминал што не го направиле, кое предизвика (државата) да уништи низа семејства и низа животи“ – изјави Руте, соопштувајќи ја колективната оставка, посочувајќи дека одговорноста за целата оваа погрешка е во владата и дека тоа морало да се разреши на овој начин.

Одлуката за оставка била забрзана откако оставка има поднесено лидерот на лабуристите, Лодевик Ашер кој бил министер за социјални работи во владата, кога се случувало сето ова.

Токму од ова министерство тргнало погрешното обвинување дека родители ги имаат измамено даночните власти, по што им било наложено да ги вратат бенефициите и парите кои ги примале до тогаш.

А, во основа станувало за збор за еден сосема маргинален пропуст – недостасувале потписи на барањата за социјална помош (додаток) за децата, па само поради тоа родителите биле обележани во јавноста – дека се измамници и дека „крадат“ од државата.

Руте премиер до изборите

Ваквата разврска на скандалот за кој подолго време се зборува во Холандија, доаѓа во незгодно време – додека земјата се бори со пандемијата со коронавирусот, се наоѓа во карантин, а владата се подготвуваше да донесе нови мерки за натамошно заострување на мерките против епидемијата.

Марк Руте кој на предавањето на оставката кај кралот, заминал возејќи се на својот велосипед, со кој често оди и на работа, ќе остане премиер, а на своите места ќе останат и сите други министри, како привремена влада, се до парламентарните избори предвидени за во март.

Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека колективната оставка е само симболична мерка и дека била непотребна на два месеци пред редовните избори.

Ова не е прв пат, една холандска влада да поднесе колективна оставка – како гест на колективна одговорност. Тоа претходно се случи во 2002 година, откако министри и високи воени функционери беа остро критикувани што не успеале да го спречат масакрот врз муслиманите во Сребреница, за време војната во Босна, седум години пред тоа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе