Поврзете се со нас

Skopje Global

ЕУ: Астра-Зенека да открие кому испорачала вакцини

Европа/ЕУ

ЕУ: Астра-Зенека да открие кому испорачала вакцини

Fotonen/BigStock.com

ЕУ: Астра-Зенека да открие кому испорачала вакцини

Европската комисија невообичаено остро реагираше на помалку испорачаните вакцини од фармацевтската компанија Астра-Зенека, барајќи да открие – дали воопшто има испорачано дози вакцина против коронавирусот, како и кому биле испорачани, доколку тоа се случило.

Еврокомесарот за здравство Стела Каријакидес, по средбата со претставници на шведско-британската компанија има изјавено дека Европската комисија сака да се расчистат работите околу задоцнетите испораки вакцина за ЕУ, за што претходно Брисел има постигнати прецизни договори, со рокови, на кои компаниите производители се имаат обврзано.

Нарачани и платени

„ЕУ го финансираше истражувањето, развојот и производството на вакцините против корона и сега сакаме да видиме дали вложените пари ни се враќаат. Сакаме да се утврди и точно да се знае дали Астра-Зенека, има произведено вакцини, како и тоа кому и каде се испорачувани, ако компанијата тоа го има направено“

…изјави во Брисел еврокомесарот Каријакидес.

Средбата со луѓето од компанијата доаѓа по соопштението на Астра-Зенека од петокот, дека не ќе може, во првите две тримесечја од годинава, а тоа значи се до крајот на јуни, да ги испорача количествата вакцини кои се договорени со ЕУ.

Ова доаѓа како нов удар за Унијата која и онака се соочува со проблеми во дистрибуцијата по новогодишните празници .

Проблемите настанаа затоа што и другите производители не ги имаат исполнето договорите. Фајзер-Бионтек соопшти дека засега ќе испорачува само половина од она што беше ветено и договорено, па затоа ЕУ сега инсистира сите фармацевтски компании, а во случајов и Астра-Зенека, да ги дистрибуираат нарачаните и платени вакцини, во најкус рок.

Контрола на извозот на вакцини

„Ние бараме договорот што го имаме со оваа европска компанија да биде целосно реализиран” – има речено Киријакидес, во името на Европската комисија, но и целата ЕУ.

Во меѓувреме, Брисел навестува дека ја менува тактиката кон ова прашање кое создаде непотребна нервоза во ЕУ, но и во Европа, надвор од Унијата, затоа што целосно се растури добро направениот план за дистрибуција и за вакцинација на населението, за што се потпишани и договори со производителите на вакцини.

Во иднина, сите производители ќе мора однапред да ја известат Европската комисија (ЕК) кога ќе сакаат да извезуваат корона вакцини, што се произведени на територијата на ЕУ, во трети земји. Исклучок од овој нов пропис ќе бидат само хуманитарните пратки.

ЕУ досега вложено 2,7 милијарди евра во производството на неколку вакцини, од неколку производители.

Компаниите заработуваат на пандемијата

Како изгледа, Астра-Зенека не може да одговори на барањата, но и на ветувањата и договорите што ги има направено со Унијата. (Од тие количества, од сите компании со кои ЕУ има договори, треба да се дистрибуираат и испораките за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија).

Меѓутоа, во европската јавност веќе се сомнева дека сите компании (европските и американските) се „фрлија да заработат пари“ во ова време на пандемија кое трае повеќе од една година, па покрај договорите и преземените обврски – продавале, за купувачи надвор од Унијата, на слободниот пазар.

Секако, по многу повисока цена од онаа која ја имаат договорено со ЕУ.

Астра-Зенека изгледа дека не може да вети исполнување на обврските кои сега и ги налага Европската комисија, па Брисел инсистира на нова рунда преговори. Како и тие да завршат, во петок и оваа компанија ќе добие сертификат од Европската агенција за лекови, дека нивната вакцина може да се дистрибуира во Унијата.

(Б.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе