Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Тајван пред Кина во економскиот раст

tampatra/BigStock.com

Тајван пред Кина во економскиот раст

Економијата на Тајван во 2020 година има забележано раст од 2,98 отсто, споредно со постигнувањата во претходната 2019 година – соопштува тајванската официјална агенција за статистика. Во исто време, одново според податоците на државната статистика, НР Кина има годишен раст од 2,3 отсто.

Тоа покажува дека Тајван, независна островска територија уште од 1949 година, покрај кинеското копно, што Кина на ја признава како посебен држава и смета дека станува збор за отцепен дел од државата, во годината што помина има повисок економски раст од големата Кина.

Ова е прв пат после 30 години, тајванската економија да ја надмине кинеската, откако во 1990 година, Тајван што тогаш беше едно од неколкуте економски чуда на Азија, имаше раст од 5,5 отсто, додека Кина од 3,9 отсто – според официјалните податоци и на двете земји.

Според анализите на економските експерти, ваквиот неочекуван пресврт е резултат (делумно) на ситуацијата со пандемијата со коронавирусот. Но, се смета дека успехот на Тајван се должи, пред се, на силниот извоз и тоа на тек – технологијата. На разните производи и опрема од овој сектор, што имаше силен подем во 202о година, токму поради епидемијата, седењето дома поради воведниот карантин, изолацијата и работењето во домашни услови.

Токму пандемијата со короната му помогна на Тајван, инаку познат и моќен производител на компјутери на цела палета теј производи, да ја надмине не само болеста (оваа земја има најмалку заразени и заболени од вирусот), туку и да не предизвика стагнација и криза на економијата која, инаку, ги зафати сите големи и моќни стопанства во светот.

Потврда за големиот успех на Тајван има и од експертите на берзата во Сингапур, една од водечките во Азија, која констатира дека малечкиот Тајван е пред големата Кина во 2020 година, а дека токму тајванската економија е најуспешна во изминатата година.

Висок раст во 2020 година бележи и Виетнам од 2,9 отсто – и таа земја со крајно ниска зафатеност со корона пандемијата – за која сингапурските економски и финансиски експерти велат дека е најбрзо растечката економија на азискиот континент.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе