Поврзете се со нас

Skopje Global

Грција ги затвори границите – до 8 март

Европа/ЕУ

Грција ги затвори границите – до 8 март

bestravelvideo/Depositphotos.com

Грција ги затвори границите – до 8 март

Владата на Грција и епидемиолошките власти одлучија земјата да се затвори за странците. До 8 март, забранет е влезот на државјаните од соседните држави, како и на сите гости и патници од сите трети земји. Одлуката стапува во сила од понеделник.

Според владиното соопштение, станува збор за привремено решение и тоа се однесува за сите кои треба да допатуваат по копнен пат (ова е за најблиските соседи), по море и за оние кои доаѓаат во Грција со авиони.

Привремена мерка?

Мерката е донесена во моменти додека владата во Атина веќе има покренато преговори со балканските земји за тоа како ќе изгледаат условите за патување и престој (летување) во Грција – во текот на летните месеци и главната туристичка сезона.

Властите, меѓутоа, тврдат дека мерката морала да се донесе за да се запре ширењето на коронавирусот во земјата, што изминатите недели, по божикните и новогодишните празници, зеде замав.

Во делови од Грција, бројот на новозаразените е за четири пати повисок во споредба со состојбата пред празниците. Исто така, во земјата веќе се регистрирани и заразени со новите, мутирани видови од вирусот – британскиот (од Кент) и јужноафриканскиот, што ги има и во соседството. Но владата и здравствените власти, најмногу проблеми имаат со недисциплината на Грците, како и со непридржувањето на пропишаните мерки.

Полициски час

Тоа предизвика, од пред три недели, да се врати режимот на полициски час во делови од земјата, каде има најмногу нови жаришта. Тоа се однесува на делови од северна Грција, реонот на Солун и на полуостровот Халкидики – популарна дестинација за балканските туристи, како и цела Атика, на југот од земјата, реон на кој се наоѓа и главниот град Атина.

Во текот на викендите затворени се продавниците, освен оние за храна, за секојдневни потреби на луѓето, потоа аптеките, како и бензинските пумпи. Но и тие со работно време само до 18 часот. Затворени се и црквите што посебно тешко оди во земја каква што е Грција и училиштата. Средните училишта работат само он-лајн.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе