Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

ЦДУ избира кандидат за иден канцелар

ElectricEgg/Depositphotos.com

ЦДУ избира кандидат за иден канцелар

Најголемата германска политичка партија – Христијанско-демократската унија (ЦДУ) по велигденските празници треба да избере кандидат за сојузен канцелар на парламентарните избори во Германија, што се предвидени за крајот на септември.

На листата на потенцијални кандидати освен умерениот демохристијанин Армин Лашет, кого многумина Германци го споредуваат како политичар кој е најблиску до политиката и определбите на Ангела Меркел, се споменуваат уште неколкумина други германски политичари.

Лашет или Зодер

Лашет сега е и премиер на Северна Рајна-Вестфалија, но прогнозите кои се прават пред празничниот одмор, како негов противник и силен кандидат за канцелар на десно-центристичкиот блок се истакнува некој од редовите на сестринската ЦСУ, која со децении управува со Баварија.

Последните испитувања на јавното мислење – секој пети член на ЦДУ би сакал Лашет да биде наследник на Меркел на функцијата канцелар.

Но дури 68 отсто од членството на партијата на Меркел, нема ништо против на челото на германската влада да го види Маркус Зодер, популарен премиер на Баварија кој е и претседател на ЦСУ. Истражувањето на агенцијата ЈуГав открива дека 66 отсто од оние кои учествувале во анкетата изјавиле дека имаат „високо мислење за лидерските квалитети на Зодер“.

Како втор силен кандидат се јавува и потпретседателката на партијата на Зелените – Аналена Бербок која е втора, додека Лашет, е дури трето рангиран кога станува збор за лидерските квалитети, делејќи ја таа позиција со уште еден функционер на Зелените, партија која би можела да биде дел од широката коалиција по изборите на есен, на кои не се очекува ниту една партија да освои апсолутно мнозинство.

Германија без Меркел

Лидерот на ЦДУ, сепак, не е целосно елиминиран од трката за кандидат за канцелар, затоа што на прашањето – кој од потенцијалните кандидати е најблиску до граѓаните и нивните интереси – Лашет е уверливо пред сите другите.

Тоа покажува дека германските гласачи од редовите на блокот партии од десниот центар силно разликуваат кој има силни лидерски предиспозиции, а кој (како канцелар) може вистински да им служи на граѓаните.

На овој план, Зодер е далеку зад Лашет. Тој во едно вакво рангирање е и зад Бербок од партијата на Зелените.

Блокот партии ЦДУ-ЦСУ вкупно половина век управува со Германија, предводена од неколкумина канцелари.

Ангела Меркел која е 16 години лидер на Германија, уште минатата година објави дека нема повеќе да се кандидира, па се откажа од лидерската функција во ЦДУ, каде на интернет гласање на партиските членови победи Лашет, останувајќи канцелар до истекувањето на нејзиниот сегашен мандат.

Пад на ЦДУ/ЦСУ

Во ова меѓувреме, ЦДУ го губи рејтингот во германската јавност. Партијата на Меркел, како ЦДУ се уште се нарекува, од уверливите 33 до 35 отсто поддршка која ја имаше пред налетот на вториот бран на корона пандемијата, сега коалицијата ЦДУ/ЦСУ ја има поддршката од 27 отсто.

Се смета дека падот е последица на неснаоѓањето на Германија со една ваква криза, што само по себе е изненадување. Особено затоа што токму германското снаоѓање на почетокот од пандемијата беше означено како модел за сите другите во Европа и во светот.

Другите партии имаат нешто профитирано, но никој нема забележано посебен скок. Социјалдемократите имаат поддршка од еден отсто повеќе во однос на претходното мерење и сега нивниот рејтинг изнесува 21 отсто.

По подолго време раст бележат и либералите (ФДП) едно време коалициски партнер на ЦДУ, додека крајно десничарската и левичарите се на своите досегашни позиции – АфД има 11, додека левичарите осум отсто.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе