Поврзете се со нас

Skopje Global

„Градот на светлината“ како депонија!

Европа/ЕУ

„Градот на светлината“ како депонија!

saccageparis/Twitter

„Градот на светлината“ како депонија!

Серија од фотографии, направени во делови од Париз за кои и не се знае каде се снимени, што се појавија на интернет, предизвикаа шокираност во француската јавност, но и вчудовиденост низ светот, затоа што францускиот главен град, познат насекаде по прекарот – Градот на светлината – го прикажуваат како една голема депонија.

SteveP4435 / Twitter

Сликите ставени на анонимна интернет страница, можеби за прв пат досега, ја откриваат „темната“ и над се, валкана страна на Париз во кој годишно, во нормални времиња, без корона, доаѓаат за да го посетат и за да ги видат сите негови знаменитости и убавини и по над дваесет милиони посетители.

Сликите откриваат дека и овој убав град може да биде исполнет со тони ѓубришта.

„Париз сметилиште за секакво ѓубре“

Отпадоци од храна, од фрлени или едноставно оставени предмети од домаќинствата, од напуштени автомобили – цели или во делови, од разни ѓубришта кои пловат по езерцата, или се расфрлани по париските калдрми – се гледаат од фотосите ставени како анти-реклама за францускиот главен град.

janviertoscan / Twitter

Во текстот што ги следи фотосите се вели дека сликите се од пред некој месец, во времето кога Париз беше, а и сега одново е во локдаун (трет по ред во изминатите 12 месеци) по сегашниот најнов налет на коронавирусот, од потешкиот, британски вид.

Авторот – кој и да е – вели дека „овој некогаш чист град сега е претворен во едно големо сметилиште, во депонија за секакво ѓубре“, но одбива да се идентификува.

SteveP4435 / Twitter

Тоа покрена и цела лавина од прашања – кој го има направено целиот овој прилог, прикажувајќи го градот на овој начин – токму сега, во овој момент.

Притоа, никој не оспорува дека Париз, навистина, има делови каде може да се најдат и вакви слики, како што, впрочем, може да се најдат и во Њујорк, Мексико Сити, или во Рио, на пример, или во Лондон, или во било кој од големите европски и светски градови.

Короната како виновник?

Првата реакција на париските општински власти беше дека поради ситуацијата со пандемијата и со короната, за десет отсто е намален бројот на вработените чистачи и на оние кои го собираат ѓубрето.

SteveP4435 / Twitter

Повеќето парижани, барем според реакцијата на социјалните мрежи, меѓутоа, се на мислење дека тоа што Париз е нечист не треба да се покрива со короната.

Тие сметаат дека францускиот главен град е подолго време нечист и за тоа ги обвинуваат локалните политичари и пред сите други, градоначалничката Ан Идалго.

Таа е од редовите на француските социјалисти и во минатата година, со уверлива изборна победа, беше уште еднаш избрана да го води Париз. И, како што тоа редовно се случува и на западноевропските простори, работите веднаш се префрлија на теренот од политиката.

figeac1_ / Twitter

Целата оваа анонимна интернет сторија за париските ѓубришта и за нечистотијата, се поврза со политичките амбиции на Идалго која (наводно) има намера да се кандидира за претседателските избори, есента во следната 2022 година.

„Валкана политичка кампања“

Ваквата оценка на некој начин ја потврди и Марин Ле Пен, ултра – десничарка, предводник на француската крајна десница и екс претседателски кандидат (загуби од Емануел Макрон) во 2017 година.

saccageparis / Twitter

Нејзиниот кандидат на локалните избори во Париз претрпе тежок пораз токму од Идалго, па Ле Пен ја искористи интернет репортажата за жесток напад врз градоначалничката, обвинувајќи ја дека е „неспособна за лидерската позиција на која се наоѓа“.

Парискиот градски совет, веднаш по тоа, ја обвини крајната десница дека го користи Твитер за „валкана политичка кампања“.

Непристрасни посматрачи на политичката сцена, затоа, сметаат дека без разлика на грдите слики кои го прикажуваат „другото лице на Париз“, станува збор и за обид да се дисквалификуваат Идалго и нејзините политички амбиции за врвот на француската политика.

saccageparis / Twitter

Можеби не само од крајната десница и од кругот околу Ле Пен, туку и од нејзината левица, каде вакви амбиции имаат и други политичари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе