Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

„Намерно заразување за стекнување имунитет”!

Mircea Moira/Depositphotos.com

„Намерно заразување за стекнување имунитет”!

Во Словенија со голема загриженост во јавноста и меѓу епидемиолозите е примено сознанието дека се повеќе лица (главно млади), намерно се заразуваат со вирусот на Ковид-19 за да можат полесно да патуваат, затоа што според сегашните одредби – лицата кои ја прележале болеста се третираат како да се вакцинирани, односно дека имаат стекнат имунитет.

Словенечкиот епидемиолог Матеа Логар изјавила дека бројот на ваквите случаи постојано се зголемува. Таа вели дека овие лица веруваат дека преку намерното заразување веднаш ќе може да добијат потврда со која ќе може полесно да ја минуваат границата.

Опасна пракса

Логар, меѓутоа, предупредува дека станува збор за опасна замка и за опасна пракса која никому не се препорачува, вклучувајќи ги тука и помладите.

Едноставно, затоа што не може да се знае како ќе реагира организмот, посебно кога станува збор за новите видови вируси кои се намножени и за кои се знае дека создаваат компликации за кои лекарите мислат дека веќе се надминати и дури се подготвуваат заболен пациент да го пуштат на домашно опоравување.

Оваа словенечка лекарка која раководи со владиниот стручен совет за Ковид, во разговор со локалните медиуми има речено дека се регистрираат и измами при правењето тестови, па во Словенија се размислува за воведување рестрикции при патувањата и за менување на условите и правилата за стекнување на потврдата за минување на границата.

Идејата е тие кои прележале Ковид, да се тргнат од листата за исклучени од задолжителното тестирање при минување на границата, но тоа би можело да се практикува само тогаш кога ќе се спроведе вакцинација на поголемиот дел од населението, што во Словенија сега не е случај.

Непредвидлива болест

Како и да е, здравствени експерти уверуваат дека намерното заразување со вирусот е крајно опасно.

Прво, затоа што се уште многу малку се знае за болеста. Но, е познато дека таа е крајно непредвидлива и може да остави трајни последици врз организмот. При тоа, не се знае ниту кои и какви последици би можело да има кај помладите и кај младите пациенти, чиј број во овој сегашен трет бран, се во многу повисок број отколку што тоа беше случај минатата пролет.

Сите експерти, затоа, советуваат дека е многу подобро луѓето – без разлика на возраста – да се чуваат за да не бидат заразени, применувајќи ги веќе познатите мерки, наместо намерно да се заразуваат за да заболат од Ковид-19 и на тој начин да стекнат имунитет.

Словенечките епидемиолози предупредуваат дека доколку оваа појава зеде поголем замав и стане уште повеќе раширена, тогаш Словенија (и на други места, ако ова тргне надвор) нема ништо да направи во борбата со пандемијата која тогаш нема никако да отстапи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе