Поврзете се со нас

Skopje Global

Ерупцијата на Исланд – место за венчавка

Екстра Глобал

Ерупцијата на Исланд – место за венчавка

Toby Elliott/Unsplash

Ерупцијата на Исланд – место за венчавка

Минатомесечната ерупцијата на вулканот Фрагдесфјал, на Исланд, полека се претвори во необична туристичка локација, па дури и место за венчавки.

Сето ова делува неверојатно, доколку се спореди, на пример, со она што во изминатите денови се случува со карибскиот остров Сент Винсет, што е посилен од вулканскиот пепел, по тамошната вулканска ерупција, па сега повеќе наликува на сивата месечева површина, отколку на еден од карибските рајски места.

Но, на Исланд ситуацијата е сосема поинаква. Таму, можеби за прв пат досега, на ерупцијата која и натаму трае – ден и ноќ – може да и се пријде сосема близу и тоа не само од страна на научниците – вулканолози, туку и од сите љубопитни кои не се плашат од една ваква можност.

Селфи со вжештена лава

Жешката лава со портокалова боја се слива по падините на истоимената планина, надолу кон подножјето, како да се “потоци“, за да заврши во морето, додека насобрана толпа луѓе, во подножјето сето тоа мирно го гледа, го снима и сите прават селфи.

Во една таква опуштена атмосфера, пред некој ден, една двојка имаат разменето венчални прстени, токму пред „потоците“ од вжештена лава. Подоцна оваа двојка им изјавила на новинарите дека тоа било „прекрасно и возбудливо доживување, но и страшно во исто време“ кога човек ќе помисли што е тоа што полека се спушта од падините на вулканот.

Сепак, околу 40 илјади луѓе досега го имаат посетено местото на ерупцијата и сите тие имаат речено дека заминале да го следат тој феномен затоа што “не е опасно“ за посматрање дури и од непосредна близина. Локалните туристички агенции велат дека во некои денови носат кај вулканот и по пет илјади лица – туристи.

Вулканот е мошне близу до главниот град на Исланд – Рејкјавик – на полуостровот Рејкјанес. Оддалечен е само 32 километри. Неговата ерупција минатиот месец беше прва после 800 години.

Гасовите единствена закана

Сепак, целата оваа локација е далеку од главниот пат на островот, а освен тоа околу неа нема ништо што би им било од полза на туристите – ниту продавница за храна и вода, ниту било какво кафуле, а ниту санитарии.

Исланд важи за една од најеруптивната локација во светот, или како што имаат речено локалните вулканолози – целиот остров е еден голем вулкан.

Според нивното објаснување, оваа ерупција нема предизвикано исфрлање камења, ниту прав, а нема густи правливи облаци над кратерот. Само лавата што тече сето ова време, од првата ерупција, од која Исланѓаните веќе не стравуваат.

Она што претставува единствена закана, тоа е можноста од појава на гасови кои би ја загадиле целата околина.

Луѓето во малите населени места на полуостровот, затоа се предупредени да бидат внимателни и советувани прозорците од своите куќи да ги држат постојано затворени.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе