Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Турција „под клуч” до 17 мај

Muhur/Depositphotos.com

Турција „под клуч” до 17 мај

Турција воведе  локдаун, на територијата на целата држава, до 17 мај.

Ваквата драстична мерка е донесена во настојувањето на турските епидемиолози и властите, да се запре ширењето на бројот на новозаразените, поради (неочекуваниот) нов налет на пандемијата со коронавирусот.

Зголемување бележи како бројот на инфицираните, така и бројот на жртвите од епидемијата.

„Под клуч“ се става најголемиот дел од трговската мрежа и од услужните дејности, потоа се затвораат сите училишта, но  се ограничува и патувањето од еден град во друг.

Раст на новозаразените и на смртноста

Во соопштението од вонредната седница на турската влада се вели дека сите меѓуградски патувања, во текот на локдаунот , ќе мора да  бидат пријавени кај властите. Освен тоа , сите училишта во Турција мора да ја прекинат наставата во живо и да преминат на он-лајн програма, таму каде е тоа возможно.

Производството и прехранбениот сектор ќе бидат исклучени од овој локдаун и од натамошни ограничувања.

Ставањето „под клуч“ би требало да ја намали дневната заразеност- на државно ниво – до пет илјади лица, до крајот на исламскиот верски празник Рамазан.

Сегашната ситуација, меѓутоа,  е многу полоша. Според официјалните турски податоци, пред десет денови, во земјата дневно  се регистрирани по околу 65 илјади новозаразени. Бројката на дневна заразеност,  во текот на изминатиот викенд, сепак, се намалила на 40 илјади. И ваквиот развој се смета за неповолен, особено што земјата продолжува да бележи смртноста од над 300 починати во саботата и неделата.

Не е време за туризам

Во досегашниот тек на епидемијата, се заразени пет милиони лица, а бројот на починатите од коронавирсот во земјата се има искачено до над 38 илјади.

Низа земји во поблиското и подалечното опкружување, ги запреа патувањата кон и од Турција, поради новонастанатата ситуација, што претставува предупредување за сите туристички агенции (вклучувајќи ги и македонските) да не договараат патувања  – барем додека трае сегашниот бран на вирусот и локдаунот што го воведе турската влада.

Турција, како и Грција се традиционално популарни локации за патување за празниците и за туристи од Македонија. Но, како сега стојат работите (и оваа година) ќе треба да се одминуваат – од епидемиолошки и здравствени причини. Особено  што и Грција се определи за блокада до после Велигденските празници.

Без разлика на тоа дали некој е вакциниран, или пак ја има прележано болеста.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе