Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Британија (сепак) ја измамила ЕУ за вакцините

Giovanni_Cancemi/Depositphotos.com

Британија (сепак) ја измамила ЕУ за вакцините

Британските власти и имаат дадено дозвола на британско – шведската компанија Астра/Зенека, да ги користи домашните капацитет (оние на територијата на Британија) за производство на 717 илјади дози вакцини – исклучиво само за Австралија.

Оваа фармацевтска компанија, во текот на февруари и март, кога ЕУ бараше од Астра/Зенека и од Британија, да префрли дел од дозите вакцини за Унијата и за Европа, Британците им имаат испорачано две големи пратки на Австралија – открива сега лондонски „Дејли Телеграф“, весник кој важи за близок на британските, владејачки конзервативци.

Договор во тајност

Преговорите околу ваквата зделка се одвивале во тајност, но весникот има откриено дека уште од почетокот на оваа година Астра/Зенека имала дозвола од владата на премиерот Борис Џонсон, слободно да извезува вакцини за Австралија.

Станува збор за земја која во тоа време, а и сега, е далеку од состојбата со пандемијата со кои се соочуваат Европа и ЕУ – како според бројот на заразените, така и според бројот на жртвите.

За возврат, со една ваква зделка, на Британија и се овозможува пристап до дополнителни 10 милиони дози, произведени во индискиот Институт за лекови кои произведува вакцини Астра/Зенека.

Весникот тврди дека (според правни експерти) ваквиот договор на владата во Лондон со фармацевтската компанија бил “сосема легален“, затоа што и овозможувал на компанијата целиот недостиг во домашното производство, да го надополни со набавка дози со вакцина од погоните во странство.

Нечесни игри

„Дејли Телеграф“, меѓутоа, не пишува зашто на Лондон му беше потребно да го лаже Брисел, да игра нечесно во ситуација на глобална пандемија и вакцините да ги користи за своите политички потреби.

Како сега стојат работите, излегува тоа било направено за домашни потреби. Пред се, за враќање на целосно разнишаната позиција на премиерот – популист, но и за стекнување на наклонетоста на Австралија, затоа што Лондон настојува токму со Канбера да го направи првиот договор за слободна трговија, после Брегзит.

Договорот што тајно бил направен, исто така, покажува дека нечесна во целата оваа работа била и Австралија.

Таа имала обезбедено доволно количини вакцини дури и тогаш кога австралискиот премиер Скот Морисон, со Џонсон од Лондон, се нафрлија врз Италија и ЕУ кога владата во Рим забрани една пратка од 250 илјади дози од италијанскиот погон на Астра/ Зенека, обвинувајќи ги за наводен “национализам“ со вакцините!

Астра/Зенека останува должник

А, токму тогаш Италија и целата Унија се соочуваа со проблеми со дистрибуцијата на вакцините, затоа што Астра/Зенека – пред се – не ги исполни своите договорени обврски кон Европа и ним вакцините им беа многу повеќе потребни отколку на Австралија.

Оваа компанија и сега, поради своите сплетки и тајни договори и понатаму има кусок во испораката вакцини за земјите од ЕУ и прашање е кога ќе може да го исполни договореното.

Конечно, кога Британија (со Австралија) правеле договори зад грбот на ЕУ, па на шестиот континент се испорачале големи количини вакцина, владата на Џонсон соопшти дека “никому нема да му испорачува вакцини“ од домашно производство и дека не испорачува.

Образложението беше дека не сака да го поремети ритамот во веќе започнатото брзо вакцинирање на населението, одбивајќи ги на тој начин ЕУ, како и некои други земји кои имаат побарано Британците да помогнат, затоа што веќе се знаеше дека Британија има залихи и дека за тоа беше предупредена и од Светската здравствена организација (СЗО).

Британија трупа уште залихи

Како и да е, Лондон и натаму прави залихи со вакцини, како никој друг во светот.

Астра/Зенека останува само за Британија да испорача 100 милиони дози. Во март Британците од погонот во Индија имаат примено пет милиони дози. Но е нејасно – дали во сегашната хорор ситуација со пандемијата – во која се наоѓа оваа голема земја, Њу Делхи ќе дозволи да се испорачуваат вакцини за Британија, кога таму дневно се заразуваат и по 400 илјади лица.

Во секој случај – се тврди дека Британија, има нарачано 520 милиони дози, што се доволни сите 65 милиони Британци да се вакцинираат со три дози – и тоа 2,5 пати!

Што се однесува до измамата со вакцините од страна на Лондон, се смета дека таквото британско однесување, секако, ќе ја разниша и онака кревката доверба на Брисел кон Британија по Брегзит и ќе предизвика натамошно ладење на односите.

Тоа се верува дека е една од причините зашто ЕУ се одлучи, сепак, да ја тужи Астра/Зенека која со месеци игра валкано и нечесно на пазарот, а станува збор – не за комерцијален производ, туку за вакцини.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе