Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Русија против својата претставничка на Евросонг

Русија против својата претставничка на Евросонг

Претставничката на Русија, на годинешниов Евросонг, Манжа, настапи на првата полуфинална вечер – мошне успешно – и успеа да се пласира во големото финале во Ротердам, во сабота, но нејзиниот настап во четвртокот вечерта, никого не остави рамнодушен, а во Русија има предизвикано и гневна реакција.

Манжа на почетокот беше во еден огромен фустан, направен специјално за Евровизиската песна. Тој е налик на старите широки фустани од рускиот народен фолклор, на кој наместо традиционалните шари се ставени материјали од разни делови на Русија, кои ја претставуваат етничката шареноликост на бројните народи кои живеат во земјата.

Но, во таа тешка, гломазна облека, Манжа остана само на почетокот од песната. Од неа пејачката, набргу, излезе облечена како работничка, со што пеејќи им оддаде почит на работниците, посебно на руските работнички.

Националистички навреди

Манжа има 29 години и мошне квалитетно ја испеа песната „Руска жена“ (Русинка).

Меѓутоа, наместо пофалби за својот настап, таа уште пред почетокот на Евросонг, со недели на ред, е критикувана во руската јавност. Посебно во медиумите и на социјалните мрежи околу тоа како можело таа да ја претставува Русија – пред Европа и пред светот.

На социјалните мрежи, прво беше критикувана врз национална основа – дека за Русинка не може да пее некој кој нема руско потекло и  кој не е роден во Русија.

Манжа е родена во Таџикистан, поранешна советска република, денес независна држава. Израсната е и воспитувана во муслиманско семејство. Нејзиниот татко дури се спротивставувал ќерката да стане пејачка, затоа што тоа “не и приличи на една добра муслиманка“.

Поддршка за ЛГБТ заедницата

Во многуте пораки – пејачката која  не ги има навредено и повредено Русија и Русинките – мора да трпи националистички навреди врзани за нејзиното потекло. Но, се верува дека причините за таквото однесување во руската јавност, не е толку потеклото, колку нејзината одбрана на правата на ЛГБТ заедницата во Русија.

Заедницата  е на работ да биде ставена надвор од законот, затоа што правата кои и се оставени се максимално лимитирани. Дури и во рускиот Устав од неодамна е внесена одредбата дека бракот може да биде само заедница на маж и на жена.

Навредите што оваа пејачка ги трпи, бидејќи ја брани и ја подржува руската ЛГБТ заедница, се толку бројни и големи што во некои од нив има и закани кон неа.

Манжа имала само три години кога од Таџикистан со родителите се има доселено во Москва. Има студирано психологија и е музички образувана.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе