Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Враќање кон првата љубов“

PopularImages/Depositphotos.com

„Враќање кон првата љубов“

Не е прв пат во животот да се случи она што луѓето, обично, го нарекуваат – првата љубив не се заборава. На оваа изрека, деновиве, на големо потсетуваат американските медиуми од светот на забавата и шоу бизнисот, откривајќи дека актерката и повремено режисерка Анџелина Џоли му се враќа на својот прв сопруг – од времето на раната младост.

Ваквите написи се појавија откако Џоли била „уловена“ од папараците во еден од квартовите на Бруклин, во Њујорк, како влегува во куќата на британскиот актер Џони Ли Милер, со кого таа едно време беше во брак.

Медиумите веднаш објавија дека актерката не само што (најпосле) го има преболено разводот со Бред Пит, со кого се уште води правна битка за старателството на нивните деца, туку и дека Анџелина и Џони не само што се помириле, туку и дека се одново заедно – после 22 година од разводот.

Џоли одново со првиот сопруг

Тие двајцата се имаат запознаено за време на снимањето на филмот „Hackers” во 1995 година. Шест месеци покасно, во 1996 Џоли, на возраст од 21 година, веќе му беше сопруга на Ли Милер. На својата бела маичка, младата Анџелина – во знак на големата љубов – го имаше со својата крв испишано името на сопругот!

После 18 месеци, бракот, сепак се распадна и тие во 1999 година се разведоа. По разводот, Џоли се омажи за Били Боб Торнтон, а потоа и за Бред Пит. Милер, пак, од 2008 до 2018 година беше во брак со актерката Мишел Хикс.

Приказната на Анџелина Џоли сега се поврзува со речиси истата таква сторија за обновената врска на пејачката и актерка Џенифер Лопез со актерот Бен Афлек.

Лопез предизвика големо изненадување кога објави дека повеќе не е свршеница на Алекс Родригез, а уште поголемо изненадување предизвика веста дека таа и Афлек се одново заедно.

Незаборавна љубов

Двајцата беа во врска во 2002 година, по што објавија и дека се свршеници. Во март 2003 година, беше објавено дека ќе има и венчавка, но наместо тоа – на почетокот од 2004 година – Џеј Ло и Афлек се разделија. Беше речено трајно.

Тоа така изгледаше до неодамна – кога како сензација беше објавено дека после 17 години, тие ја имаат обновено својата некогашна врска. Изненадувањето доаѓа затоа што во сите овие години немаше никакво навестување дека би можело љубовта да се обнови.

Таа беше во брак, еднаш, па после уште еднаш, со пејачот Марк Ентони, со кого има две деца – близнаци. Афлек исто така беше оженет и од тој брак има три деца.

Медиумите во Холивуд сега пишуваат дека враќањето на првата љубов би можело да се раширува и на други поранешни парови и се потсетува дека и пејачката Пинк тоа го има направено. Во 2008 година, таа се разведе, по само две години брак, за да после една година, одново се венча со екс сопругот, по што добија и дете.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе