Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Москва (одново) во локдаун

Bayhu19/Depositphotos.com

Москва (одново) во локдаун

Ситуацијата во Москва, врзана за пандемијата со коронавирусот, неочекувано и брзо се влошува, откако здравствените власти признаа дека нагло се зголемува бројот на новозаразените со Делта вирусот, што до скоро се означуваше како индиски.

Градските власти воведоа локдаун за главниот град на Русија што тие, инаку, го означуваат како „прогласеување на пет неработни денови“ – се додека се смири сегашната ситуација. Градоначалникот Сергеј Собјанин призна дека Москва се наоѓа во сериозна епидемиолошка криза.

„Ситуацијата со пандемијата со короната забрзано се влошува и ние одново сме во услови на раширена епидемија која во никој случај  не ја очекувавме“ – изјави Собјанин за руските медиуми по состанокот на кризниот штаб – што во Москва се нарекува-  Работна група за борба против коронавирусот.

Според Собјанин, она што сега се случува било изненадување за властите и за здравствените експерти, затоа што околу 60 отсто од жителите на градот веќе се вакцинирани.

„Станува збор за прилично висок процент. Затоа и мислевме дека мнозинството од  московјаните веќе имаат имунитет и дека најлошото, кога станува збор за пандемијата е веќе зад нас, па затоа она што го очекувавме беше пад на стапката на новозаразените. Но, наместо тоа, ние сега одново броиме пораст на бројот на оние кои сега се инфицирани- и тоа со новите вируси“ – признал градоначалникот Сергеј Собјанин.

Локдаунот во Москва би требало да заврши на 19 јуни. Но, како сега стојат работите, многу е веројатно, дека ограничувањата и мерките за епидемиолошка безбедност ќе бидат продолжени  уште некое време.

Сегашниот локдаун властите  го означуваат како еден долг, продолжен петдневен викенд, во кои луѓето нема да одат на работа, но сите за тие денови ќе добијат плата.

Со локдаунот се опфатени сите вработени во претпријатијата и во фирмите во државна и во приватна сопственост, како и во разните организации. Рестораните , баровите и ноќните клубови работат до 23 часот, а е наложено е итна вакцинација на вработени во сите јавни служби, а посебно на оние кои работат со дистрибуирање  храна и прехранбени производи, како и на вработените во јавниот превоз.

Неработењето поради локдаунот не се однесува за претпријатијата кои важат како витални за функционирањето на градот, како и оние од секторот на безбедноста и одбраната, како што се Росатом и Роскосмос и службите од т.н. стратешка индустрија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе