Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Милионери во време на пандемија

Nasevorn/Depositphotos.com

Милионери во време на пандемија

Над пет милиони луѓе во светот станаа милионери во текот на 2020 година, во време на острата борба со глобалната пандемија со коронавирусот и на сериозната економска криза што ја предизвика епидемијата – покажува едно истражување и анализата што ја имаат направено експерти на угледната швајцарска банка Креди Суис (Credit Suisse).

На крајот од минатата година стана јасно дека короната и блокадата на индустријата и на целото стопанство на земјите во светот, имаат предизвикано тешки последици врз економијата на државите, дека поради тоа многу мали бизниси пропаднаа, или се најдоа во сериозна криза, на работ од банкротство, а дека многу „обични“ луѓе станаа посиромашни, меѓу другото и затоа што останаа без работа.

Пораст на цените на недвижнината

Но, во истото тоа време бројот на милионерите во светот се зголеми. Дури еден милион приватни лица, за прв пат во својот живот и во кариерата, станаа милионери. Другите само својата имотност ја зголемија уште повеќе – станувајќи побогати, во споредба со 2019 година.

Експертите на швајцарската банка, ваквата состојба ја објаснуваат со две работи.

Првата е стабилноста и дури и опоравувањето на берзанските пазари, а второ со растот на цените на недвижниот имот и посебно на куќите.

Овие две ситуации најмногу имаат повлијаено за зголемувањето на милионерите, во услови на пандемија и на здравствено – санитарна криза од глобални размери.

Анализата, пак, покажува зголемувањето на личното богатство и создавањето на т.н. ковид – милионери, мора да се гледа сосема одделно од економскиот удар на пандемијата врз државите и нивните економии.

Берзанска стабилност

Освен тоа, пандемијата има (повремено, но не и на долга патека) удел врз светскиот пазар и врз глобалната економија. Таа – општо гледано – остана стабилна, посебно таква беше ситуацијата на берзите, која во втората половина од 2020 година овозможи и раст на богатството на поединци, посебно на оние најбогатите.

Тоа доведе да настане голема разлика во богатството – приватно, за разлика од она на државите кои мораа постојано да трошат за сметка на здравствената заштита и за социјалните мерки, за помагање на малиот бизнис и на присилно невработените лица од бизнисите што короната најмногу ги погоди.

Меѓутоа, доколку имотната состојба се постави на ниво на домаќинства, тогаш излегува дека реалното богатство и реалниот стандард на луѓето се намалени. Посебно кај оние од т.н. долна средна класа.

Оние кои станаа милионери минатата година, тоа им успеа со помош на ниските камати на банките кои го одржуваа во живот пазарот на недвижнини и уште го поттикнува растот на цените. Тоа, сега, се очекува полека да се менува и банките постепено да го зголемуваат нивото на основните каматни стапки.

Богатите уште побогати

Во својата анализа Креди Суис го истакнува и постојаниот раст на приватното и личното богатство. Па, така, ако на почетокот на 21 век, бројот на луѓето кои имале приходи меѓу десет и 100 илјади долари изнесувал 510 милиони, веќе во 2010 година таа бројка се зголемила на 1,7 милијарди лица.

Велат, благодарејќи на зголемувањето на економската моќ на Кинезите и на луѓето од средната класа во земјите од „третиот свет“.

Уште позабрзано растел бројот на милијардерите во светот. Пандемијата на некои од нив (како Амазон и на Фејсбук) им го дуплираше богатството. Сега излегува дека десетте најбогати луѓе во светот би можеле да купат вакцини за целиот свет.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе