Поврзете се со нас

Skopje Global

Илјада новозаразени на фестивал во Холандија

Вести

Илјада новозаразени на фестивал во Холандија

Jonne Mäkikyrö/Unsplash

Илјада новозаразени на фестивал во Холандија

Околу илјада новозаразени со коронавирусот се регистрирани на музички фестивал во градот Утрехт, во Холандија, Локалните власти стравуваат дека таа бројка не е конечна и дека може да се зголеми.

Холандските медиуми јавуваат дека околу 20 илјади лица, најголем број од нив млади, учествувале на дводневен фестивал, што бил организиран на отворено.

Концертите се одржале на 3 и на 4 јули. Многу бргу, потоа, почнале да се пријавуваат новозаразени лица кои биле на фестивалот – првиот ден 450, а вториот уште 520 инфицирани.

Вакцинирани и со негативен тест

Организаторите сега изјавуваат дека не може да разберат како тоа, воопшто, можело да се случи.

Откако во вторникот вечерта, здравствените власти објавиле дека има масовно заразување со коронавирусот по концертите, сите кои биле на фестивалот, или работеле на него, останале вчудовидени од вестите и од масовноста на новозаразените.

Тие тврдат дека биле почитувани сите прописи и мерки од холандската влада, за да не се дозволи раширување на епидемијата.

Сите кои присуствувале, морале на влезот да покажат потврда дека се вакцинирани, или потврда дека се негативни на тестот за заразеност.

Експлозија на новозаразени

После сознанието за волку голем број новозаразени се стравува дека или тестовите не се квалитетни, или пак дека оние што имале такви потврди не биле чесни, односно дека имале лажни документи за негативни тестови.

Холандија, сега, одново се соочува со експлозија на новозаразени, откако на 26 јуни ги укина речиси сите дотогашни епидемиолошки мерки и дозволи помасовни собирања – под услов сите да имаат потврда дека се вакцинирани, или да имаат негативен тест.

Обвинување за тинејџерите

Холандската епидемиолошка служба соопшти дека во последните 24 часови во вторникот, биле регистрирани нови осум илјади новозаразени лица.

Просекот на инфицирани во изминатите седум денови, изнесува 300 на 100 илјади население.

За ваквиот развој на состојбата, епидемиолозите и здравствените работници ги обвинуваат тинејџерите и помладите полнолетници за крајно недисциплинирано и неодговорно однесување.

Како локациите на кои најмногу се шири пандемијата се посочуваат ваквите фестивали и концерти, диско клубовите, како и рестораните.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе