Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Марлборо“ нема да се продава во Британија?

fiskness

„Марлборо“ нема да се продава во Британија?

Големата тутунска компанија „Филип Морис“ соопшти дека ќе престане со продажбата на цигари на пазарот во Велика Британија – во следните десет години – фокусирајќи ја својата продукција и работа на алтернативни производи.

Ваквото определување на компанијата значи дека водечката марка на „Филип Морис“ – цигарите „Марлборо“ – ќе исчезнат од британските продавници.

Компанијата дури вели дека “ќе ја поздрави (евентуалната) одлука на владата во Лондон за забрана на цигарите на територијата на Британија“.

Некои хуманитарни организации и активисти кои водат кампања против пушењето, реагираа со неверување на ваквото соопштение на тутунската компанија. Според нив – „тешко е да се земе сериозно едно вакво тврдење, од фирма која е одговорна за продажба на десетина од вкупната продукција на цигари на светскиот пазар“.

Крај на пушењето до 2030 година

Компанијата, меѓутоа, во своето соопштение инсистира дека таа може да го види светот без цигари, уверувајќи дека тоа би требало да се случи што е можно побрзо, затоа што тоа е во интерес на сите.

Се смета дека „Филип Морис“ очекува британската влада да забрани пушење, па настојува да ја увери јавноста дека строгата регулатива е неопходна, за да се надмине проблемот со пушењето цигари и тоа – еднаш за секогаш.

Според лондонските медиуми, владата во Лондон, претходно има навестено дека би сакала да му стави крај на пушењето и тоа до 2030 година, или во период од наследните 8,5 години. Сето тоа, како дел од широките мерки за елиминирање на штетните последици по здравјето на луѓето и по човековата околина.

Британската хуманитарна и добротворна организација „Акција – пушење и здравје“, води силна кампања за да се натера владата – како свој приоритет да го забрани пушењето, веќе до крајот на оваа деценија. Според неа, во текот на минатата година, во Британија од пушењето и од последиците на овој порок, се починати повеќе лица во споредба со оние кои го имаат загубено животот во борбата со коронавирусот.

Намалено пушење

Ова не е прв пат компанијата „Филип Морис“ да зборува на оваа тема.

Во 2016 година, беше најавено дека ќе се престане со производството на класични цигари, што го повтори уште еднаш – во 2018 година.

Пушењето во Британија, сепак, е значително намалено во последните 35 години – покажуваат службените податоци на владините институции и на компаниите производители и дистрибутери на цигари и тутун.

Со владината програма, се предвидува во Англија пушењето целосно да се запре до крајот на 2030, а во Шкотска до 2034 година. Северна Ирска и Велс се уште немаат определено краен рок.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе