Поврзете се со нас

Skopje Global

Војската го надгледува карантинот во Сиднеј

Здравје

Војската го надгледува карантинот во Сиднеј

mletschert/Depositphotos.com

Војската го надгледува карантинот во Сиднеј

Австралиската војска почна да се распоредува по улиците на најголемиот град Сиднеј, за да се обезбеди градот – една од најпопуларните туристички дестинации во овој дел од светот – од натамошното ширење на коронавирусот.

Веќе неколку недели Сиднеј е „заклучен“ и се наоѓа во карантин, откако избувна новиот бран на Делта вирусот на короната (индискиот сој) што сега е доминантен и во овој град, но и во Мелбурн, а и во Бризбејн кој од саботата, одново е во локдаун.

На неколкупати, карантинот во Сиднеј се продолжува како единствената можна мерка за да се елиминира бранот на пандемијата, но барем засега, нема некои позначајни постигнувања.

Вирусот продолжува да „шета“ низ четири милионскиот град.

Непочитување на забраните

Епидемиолозите велат дека и покрај сите досегашни предупредувања и укажувања, карантинот, целосно, не се почитува.

Посебно се обвинуваат оние кои се позитивни на вирусот и се инфицирани, а на секаков начин се обидуваат (и успеваат) да излезат од домовите во кои живеат, или во центрите каде се задржани во каранти.

Затоа, сега на помош е повикана армијата на Австралија, па припадници на војската ќе и помагаат н полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс.

Војниците ке одат од куќа до куќа, за да проверуваат дали се почитува карантинот и забраната за излегување од дома – во обид да се дисциплинираат граѓаните кои со своето однесување само придонесуваат вирусот и натаму да е присутен.

Бризбејн во локдаун

Војската, меѓутоа, ќе врши и испорака на храна – во пакети со неопходните намирници – за да луѓето не излегуваат од своите домови.

Експертите сметаат дека Сиднеј кој веќе пет недели е во карантин, требаше од порано да воведе една ваква мерка и да ја повика на помош армијата. Градските власти настојуваат да го запрат ширењето на индискиот сој од кој сега се заболени околу 3800 лица.

Во Бризбејн, главниот град на сојузната држава Квинсленд, исто така, одново се има појавено Делта варијантата на короната, па тамошните власти се определија да се продолжи локдаунот, што беше (одново) воведен во саботата, попладнето.

Забавено вакцинирање

Австралија, сепак, е далеку од тажните рекорди во САД и во Европа, каде вирусот и сега, во среде лето, одново се појавува – најмногу затоа што се уште има многу невакцинирани и затоа што целосно се ослободија мерките за заштита.

Во оваа земја – континент, досега се регистрирани над 35 илјади заразени и болни од Ковид – 19. Официјално има околу 950 починати.

Во ова меѓувреме, за разлика од Европа и САД каде се размислува за давање и на трета доза вакцини, а се испитува и можноста од мешање на вакцините, во Австралија целиот тој процес на масовна вакцинација оди многу забавено. Позасилена вакцинација се најавува од септември и во текот на есента. Со рокови на чекање од по неколку недели.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе