Поврзете се со нас

Skopje Global

Убиец со дозвола за убивање

Екстра Глобал

Убиец со дозвола за убивање

Фото: Џејк Дејвисон

Убиец со дозвола за убивање

Британската јавност, а посебно онаа во англиската област Корнвол, каде психолабилен млад човек, ладнокрвно уби пет лица – се уште не може да се опорави од она што се случи. Особено што меѓу убиените се и едно тригодишно девојче, како и мајката на убиецот.

Јавноста е се уште во шок, како од убиството извршено со автоматска пушка, во американски стил, така и од целата низа пропусти на локалната полиција и на социјалните служби, пред да се случи масакрот.

Сега Фејсбук, како што обично секогаш реагира отпосле, побрза да го тргне налогот на убиецот Џејк Дејвисон (23), што на крајот си пукаше во главата. Пред тоа, и Јутјуб го тргна неговиот (според содржината) „откачен “ профил.

Пред да го избрише профилот на масовниот убиец, Фејсбук има поделено бројни страници кои се поврзани со ултрадесничарите во САД, со нивните организации и оние поврзани со оружјето.

Омраза кон сопствената мајка

Дејвисон, инаку по потекло од Аризона во САД, повеќе бил присутен на Јутјуб каде постојано испраќал сопствени видео снимки во кои зборувал за себе и во кои сосема јасно откривал за каков човек станува збор.

Неговата мајка, велат, од поодамна предупредувала на тоа дека нејзиниот син има потреба од лекување во некоја специјализирана установа, дека му е потребен психијатриски третман и дека претставува закана, но никој не ги има послушано нејзините предупредувања.

Фејсбук сега го квалификува Дејвисон како опасен поединец, но по злосторството што тој го има направено.

На коментарите кои ги ставал на интернет тој постојано е гневен на жените, на неможноста да си најде девојка (затоа што сите бегале од него), како и на својата мајка која не ја сакал и која, веројатно, затоа е меѓу жртвите.

„Дебел, грд и невин“

Во морбидниот свет што изградил овој млад човек од околината на приморскиот град Плимут, се претставувал како нихилист, силен поддржувач на Доналд Трамп и на правото да се поседува огнено оружје.

Не криел дека сакал да биде терминатор и постојано зборувал  дека е “дебел, грд и се уште невин“. Затоа и одбрал да биде  дел од едно бизарно движење, познато како ИНЦЕЛ (involuntary celibate) – несакан целибат. Станува збор за движење кое, инаку, во САД се поврзува со низа тамошни масовни убиства што ги имаат извршено изразити женомрзци.

Како врв на немарноста на британските  служби се смета одлуката на локалната полиција, на еден ваков човек, да му се врати, еднаш одземената, пушка. Сега наводно се води истрага во Плимут како тоа можело да се случи (!?) но пушката му била вратена неполн месец пред тој да потепа петмина невини лица.

И уште, масовниот убиец од Корнвол имал дозвола да поседува огнено оружје – добиена на најлегален начин. Излегува дека Џејк Дејвисон имал лиценца за убивање!

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе