Поврзете се со нас

Skopje Global

„Мистер-антивакс“ почина од Ковид

Екстра Глобал

„Мистер-антивакс“ почина од Ковид

WWTN-FM

„Мистер-антивакс“ почина од Ковид

Контроверзниот американски радио водител од Флорида, Марк Берниер,  познат како еден од најжестоките противници на вакцинацијата против коронавирусот, починал од последиците на Ковид. Три недели поминал во болница, борејќи се со болеста предизвикана од короната, но лекарите не успеале да го спасат.

Во соопштението на неговата радио станица се вели дека тој над 30 години ги информирал своите слушатели за разни настани од Дејтона Бич, каде е лоцирано радиото, но и ги забавувал со своите коментари, колку често тие да биле и контроверзни, па дури и штетни за пошироката јавност.

Барниер се заразил со коронавирусот, три недели пред да почине. Не се знае каде и ако тоа му се случило, но не бил вакциниран и остро се противел на мерките кои ги има наложено федералната влада на САД за борба со пандемијата.

Сам себе си нарекувал, а така и се најавувал во програмата, како „мистер – антивакс“ (господин антиваксер). Владата во Вашингтон и мерките кои ги има наложено ги нарекувал „нацистички“, обвинувајќи ја администрацијата на претседателот Џо Бајден дека се “однесува како што се однесувале нацистите“, затоа што ги тера луѓето да се вакцинираат против смртоносниот вирус.

Медиумите на САД, кои на смртта на овој познат антиваксер посветија внимание – откриваат дека приближно во исто време, од Ковид – 19 починале и други двајца радиоводители, обајцата остри противници на вакцинацијата и на владините мерки.

Едниот е Фил Валентајн (61), од сојузната држава Тенеси кој сите изминати месеци на пандемијата „терал мајтап“ со вакцините, но го сменил мислењето кога се заразил. Починал еден месец подоцна. Слична судбина имал и водителот на програмата „Њузмакс“ Дик Фарел (65).

И Фарел кој живеел и работел во Флорида, правел шеги на сметка на вакцинацијата и пандемијата. Како силен антиваксер ги осудувал и сите епидемиолошки мерки, но постојано ги уверувал слушателите да не се вакцинираат. За него пандемијата била само една „голема измама“.

Како Валентајн, така и Фарел, кога виделе дека нивната состојба станува критична, на своите пријатели и блиски им советувале – да одат и да се вакцинираат. Многу доцна го смениле мислењето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе