Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина Жан Пол Белмондо

Почина Жан Пол Белмондо

Во Париз, во својот дом, почина еден од великаните на францускиот филм и на глумата, Жан Пол Белмондо. Имаше 88 години.

Претставник на семејството изјавил дека актерот починал во мир. „Веќе подолго време беше многу изморен” – изјавил адвокатот на семејството за француските медиуми, не давајќи други детали за болеста и смртта.

Популарниот актер, познат во Франција по својот прекар „Бебел“, има снимено осумдесетина филмови. Од времето на т.н. „нов бран“ во францускиот филм, во шеесеттите години на 20 век, кога заблеска на филмското платно, преку времето на седумдесеттите години, кога ја изгради својата кариера како незаменлив актер во акционите филмови.

Со најдобрите режисери

Но, Белмондо има настапувано во филмови кои ги потпишале најголемите и најпознатите француски режисери, како што се Жан Лик Годар, Луј Мал, Клод Шаброл, Жан Пјер Мелвил и Франсоа Трифо.

Негови најпознати улоги се оние во филмот „Професионалци“ (со Ален Делон), „Борсалино“, „Човекот од Рио“ (со Франсоа Дорлеак, сестрата на Кетрин Денев), но и во филмови како “До последниот здив“ (со Американката Џин Сиберг), по кој американските критичари го нарекоа францускиот Џејмс Дин, или во воената филмска драма „Чочара“ глумејќи покрај Софија Лорен, која за овој филм ја има освоено наградата Оскар.

По 2001 година, Белмондо малку се има појавувано во јавноста, откако има преживеано мозочен удар. Сепак, во 2008 година сними филм „Човекот и неговото куче“ – филмска приказна за старец кого општеството го има отфрлено.

Сочувство од Делон и Кардинале

Во 2011 година доби почесна Златна палма на фестивалот во Кан. Добитник е на Златниот лав во Венеција и на главната француска филмска награда Сезар во 2017 година – за вкупните достигнувања во филмот и кинематографијата. Тогаш доби вистински овации од публиката, кога се појави потпирајќи се на бастум, но со својот препознатлива насмевка на лицето. Ги има развеселено сите во салата, правејќи шеги на своја сметка, за својот нов изглед со целосно побелена коса,

Први со изрази на сочувство и длабока почит се огласија актерот Ален Делон, со кога пред 60 години имаат заедно започнато на филмот и Клаудија Кардинале, честа партнерка на Белмондо во низа нивни филмови.

Жан Пол Белмондо е роден во 1933 години, во околината на Париз во боемско семејство. Неговиот татко бил познат архитект чии градби ги има на повеќе локации во францускиот главен град.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе