Поврзете се со нас

Skopje Global

Симеон остана без царскиот имот

Вести

Симеон остана без царскиот имот

Grey Geezer, Simeon Borisov Sakskoburggotski (Saxe-Coburg-Gotha, Simeon II) in 2017, CC BY-SA 4.0

Симеон остана без царскиот имот

Последниот бугарски монарх, царот Симеон Втори нема право на реституција – да побарува два објекта кои во времето на царска Бугарија, до пред крајот на Втората светска војна – му припаѓале на бугарското царско семејство – одлучи Европскиот суд за човекови права. Заедно со Симеон , со тужба против сегашната бугарска држава, се има јавено и неговата сестра, принцезата Марија Лујза.

Станува збор за побарувањето на децата на царот Борис кон една ловечка куќа и уште кон една летна резиденција на поранешниот бугарски монарх.

Пресуда и контра – пресуда

Во 1947 година, со одлука на поствоената, комунистичка бугарска влада, целиот недвижен имот на бугарското царско семејство било одземено и конфискувано. Но, Симеон и сестрата се одлучиле на тужба пред Европскиот суд, откако во 1998 година, суд во Софија има пресудено дека одлуката да им се одземе имотот на нивните родители и на целото царско семејство, не била во склад со правото на поседување имот.

Симеон Втори е устоличен за цар во 1943 година, откако неговиот татко, царот Борис, се разболел и многу брзо починал, по враќањето од посетата на Берлин и средбата што ја имал со Адолф Хитлер.

Симеон, меѓутоа, тогаш имал само малку над девет години, па во негово име, како регент, со државата која тоа време се уште била сојузник на нацистичка Германија, управувал неговиот чичко, принцот Кирил.

Во почетокот на септември 1944 година, по навлегувањето на советската војска на територијата на Бугарија, соборена е царската власт и пронацистичката влада, по што на власт доаѓа бугарската комунистичка партија, предводена од Георги Димитров.

Царот – премиер

Во 2001 година, во екот на силната политичка криза и честите сменувања на владите во Софија, за премиер на Бугарија , од Мадрид, каде постојано живее, е доведен некогашниот малолетен цар – сега како Симеон Кобурготски.

Една од првите работи што екс царот, како премиер ги има направено беше да си го врати целиот имот што им припаѓал на таткому и на дедо му, а кој на времето му бил одземен.

Судот за човекови права, сепак, пресуди против волјата на поранешниот цар, а подоцна и премиер – дека тој (и неговата сестра) немаат право да бараат ловечката куќа на планината Рила и летната царска резиденција во Ситнаково, да им бидат вратени.

Во образложението на судот се вели дека државата не е должна да го врати овој недвижен имот, затоа што во времето кога куќите биле одземени, Бугарија ја немало ратификувано Европската конвенција за човекови права.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе