Поврзете се со нас

Skopje Global

Фил Колинс не може повеќе да свири

Екстра Глобал

Фил Колинс не може повеќе да свири

benhoudijk/Depositphotos.com

Фил Колинс не може повеќе да свири

Познатиот британски музичар – пејач и композитор – Фил Колинс, фронтмен на групата Џенезис, откри дека има сериозно нарушено здравје, па дека затоа повеќе не може да свири на своите тапани. „Едвај можам да ги држам тапанарските палки, а камо ли да свирам со нив“ – изјавил Колинс, објаснувајќи дека од сега, па натаму само ќе седи на сцената.

Од порано се знае дека Колинс (70) има проблеми со здравјето. На два пати мораше да изврши хируршки операции на грбот – прв пат во 2009, а потоа и во 2015 година. Тогаш се зборуваше дека има проблеми и со зглобовите на рацете, па едно време сосема исчезна од музичката сцена.

Во пролета 2020 година, тој и неговите другари од Џенезис најавија “come back“, кога беше соопштено дека заедно ќе направат турнеја со која ќе го означат своето враќање. Плановите им ги попречи тогашната експлозија на пандемијата со коронавирусот.

Сега овој музичар со австралиско потекло, признава дека подолго време има проблеми и со шеќерната болест (дијабетисот), што како што рекол – го прави да биде силно фрустриран, затоа што би сакал да стои додека настапува. И во таква состојба тој ја има најавено турнејата со Џенезис, што треба да почне од Америка. На турнејата, ако се реализира – Фил Колинс изгледа ќе настапува како пејач – седнат на столче.

Наместо него, на тапаните ќе свири неговиот син.

Колинс осум пати е добитник на наградата Греми. Кариерата ја почна со Џенезис, во седумдесеттите години на 20 век. Во осумдесеттите и деведесеттите имаше успешна соло кариера, со низа големи светски хитови како „In the air tonight” и „One more night”. Во 2011 објави дека се повлекува, но се врати во 2017 година. Се има појавено и како актер во неколку филмови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе