Поврзете се со нас

Skopje Global

Загина сведокот во судењето на Нетанијаху

Вести

Загина сведокот во судењето на Нетанијаху

Wlad_Mus/Depositphotos.com

Загина сведокот во судењето на Нетанијаху

Поранешниот заменик директор на израелското министерство за комуникации Хаим Гарони, загина во авионска несреќа, при падот на малиот авион од тип „Цесна“ со кој тој самиот пилотирал. При уривањето на авионот загинала и неговата сопруга.

Според израелските медиуми, малата „Цесна“ се урнала покрај брегот на Грција.

Веста за смртта на Гарони доби голем публицитет во медиумите во Израел, затоа што тој е еден од главните сведоци во судскиот процес против поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанијаху, кој е обвинет за корупција и за злоупотреба на службената должност. па  против него се покренати три процеси  за дела означени како корупција.

Пад кај островот Самос

Засега не се знае која е причината за уривањето на авионот. Познато е  дека авионот полетал од еден мал аеродром кај израелскиот град Хаифа, како  и дека пред полетувањето, леталото имало „некакви технички проблеми“. Сега се сомнева дека можеби тие и го предизвикале паѓањето.

Еден негов близок роднина, во меѓувреме, ги отфрлил пишувањата на медиумите дека авионот се урнал поради “човечка грешка“.

Според овој извор, Гарони сакал да лета, како и дека често пилотирал со авионот при патувањата во странство. Неговиот роднина уверува дека бил искусен и добар пилот, па затоа и „не може да разбере како воопшто можело ова да се случи“.

Авионот „Цесна“ исчезнал од радарите околу 20 часот по израелско време. Инцидентот се случил близу до грчкиот остров Самос во Егејско Море, каде малиот авион требало да слета за да земе гориво.

На локацијата каде се верува дека се урнал авионот, е организирана потрага во која се вклучени бродови на грчката крајбрежна стража, рибарски чамци, како и еден хеликоптер на воздухопловните сили на Грција. Некои израелски медиуми тврдат дека Гарони и сопругата, наводно, патувале кон Македонија.

Крунски сведок

Некогашниот заменик директор требаше да биде сведок на обвинителството против Нетанијаху кој во еден период му бил и надреден.

Станува збор за „Случајот 4000“ во кој екс премиерот се товари дека уредил да се донесат нови законски прописи за комуникации од кои, како што тврди обвинителството,  најголема полза требало да има израелскиот богаташ, Шаул Елович, близок пријател на Нетанијаху и  главен акционер во најголемата тамошна комуникациска компанија „Безек“.

За возврат, Елович кој освен што, практично, ја поседува компанијата е и сопственик на најугледниот и најчитаниот интернет весник во Израел, требало да објавува само позитивни написи за  Нетанијаху и за неговото семејство, градејќи во јавноста  слика за премиерот како за политичар кој единствен  работи за интересите на Израелците и на државата.

Нетанијаху беше безмалку 15 години премиер, а од 2014 до 2017 година, во исто време беше и министер за комуникации. Тоа е времето кога се донесени новите закони за комуникации за кои се тврди дека се правени за да се фаворизира „Безек“.

Хаим Гарони требаше да сведочи токму за тоа време,  кога биле подготвувани и донесени законите.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе