Поврзете се со нас

Skopje Global

Предност за германската канцеларка

Европа/ЕУ

Предност за германската канцеларка

Ale_Mi/Depositphotos.com

Предност за германската канцеларка

Кога би се случило, европските гласачи, од земјите на ЕУ, да гласаат и да се определуваат меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и Ангела Меркел, за хипотетички „претседател” на Унијата – над 40 отсто од испитаниците предност и даваат на германската канцеларка.

Над 50 отсто поддршка Меркел има добиено во Холандија (58 отсто), во Шпанија (57 отсто) и во Португалија (52 отсто).

Гласањето што го има организирано независниот тинк – танк Европски совет за надворешни работи (ЕЦФР) во 12 членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, покажува дека Европејците и даваат предност на Германката, наместо на помладиот од неа француски претседател, иако таа поддршка е различна од земја, до земја.

Вкупно гледано, на едно вакво хипотетично гласање, Меркел би освоила 41 отсто од европските гласови, додека Макрон би добил 14 отсто.

Меркел уверливо пред Макрон

Во една Холандија, на пример, германската канцеларка би освоила дури 27 отсто повеќе гласови отколку во Бугарија, членка на ЕУ од јануари 2007 година, која остана најнеразвиена, дури и зад Хрватска, која во Унијата влезе во јули 2013 година.

На пример, 31 отсто бугарски гласачи би се определиле за Меркел, додека Макрон во Бугарија би добил само 12 отсто. Другите 43 отсто – или не знаат за кого да се определат, или не би гласале за никого.

Излегува така, дека бугарската јавност станува евроскептична, што се објаснува со длабоката политичка криза во земјата и со двата претходни изборни циклуси во кои нема вистински победник, а Бугарија од почетокот на април нема влада. Факт е, меѓутоа, дека за тоа не се виновни ни Макрон, а ни Меркел, како ни Германија, или Франција, туку бугарските гласачи кои на два пати се определуваат за партии настанати на улица кои, се покажува дека и немаат вистински концепт за управување со државата.

Поединечно, Макрон е најпопуларен во Унгарија. Таму, за него би гласале, 24 отсто од Унгарците, но Французинот и таму би доживеал уверлив пораз. Затоа што за Меркел се определиле 44 отсто од испитаниците во истражувањето, без разлика на судирот што постои меѓу канцеларката и унгарскиот десничарски премиер.

Предност на технократскиот стил

Францускиот претседател, најлошо е позициониран во Холандија, Шпанија и Италија, како и во Полска. Во овие членки на ЕУ, на едно вакво „гласање“ за европски „претседател“, тој би добил помалку од десет отсто од гласовите, колку што има и „освоено“ во истражувањето на ЕЦФР.

Анализата што ја имаат направено експертите на оваа тинк – танк организација покажува дека Европејците, сепак, повеќе го вреднуваат технократскиот стил на водење на Германија, што и се припишува на Меркел, отколку визионерството на Макрон и таквите негови јавни настапи.

Кога станува збор за позицијата на Германија, по повлекувањето на Меркел на 26 септември, 30 отсто од испитаниците во овие 12 членки на ЕУ сметаат дека “германското златно време“ ќе замине со неа, додека 20 отсто сметаат дека нејзините 16 години како канцелар се „најдобрите години за Германија“.

Впечаток на истражувачите е дека Ангела Меркел е повеќе популарна, како политичка фигура, во Германија и во ЕУ, па и во Европа, од вкупните резултати што ги има постигнато.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе