Поврзете се со нас

Skopje Global

Српскиот празник го вознемири Балканот

Западен Балкан

Српскиот празник го вознемири Балканот

uroszunic/Depositphotos.com

Српскиот празник го вознемири Балканот

Нововостановениот државен празник – српски ден на единството – што прв пат беше прославен на 15 септември – предизвика вознемиреност и загриженост на Балканот, затоа што празникот значи повик до „сите Срби на Балканот“ да се сплотат под едно знаме – знамето на Република Србија.

Загриженост во регионот предизвика и затоа што сите вакви и слични повици за „национално единство“ без разлика на границите, во деведесеттите години на 20 век, предизвикаа крвави војни на тлото на поранешна Југославија, чии последици и денеска се чувствуваат.

Српските власти, по повод новиот празник побараа од луѓето од српска националност да „истакнат илјадници српски трибојки“, без разлика каде живеат, само ако се чувствуваат Срби, за да се одбележи денот на „српското единство, на слободата и на државното знаме“.

„Политичка унификација“

Во Белград е одржана централната свеченост на која беше извршена и смотра на војската и вооружувањето на армијата Република Србија. На свеченоста зборувал претседателот на државата, но и патријархот на Српската православна црква (СПЦ).

Според извештаите на белградските медиуми, претседателот Александар Вучиќ се пофалил дека „армијата сега е пат пати посилна од пред некоја година“, дека таа е во функција на одбраната на земјата од надвор (не споменал кој е непријателот) и најавил нови вложувања во армиските сили.

Странски посматрачи, меѓутоа, оценуваат дека ова „покажување на мускули“ е составен дел од новата креација на официјален Белград за “српски свет“, што треба да означи „политичка унификација“ на 1,3 милиони етнички Срби кои живеат во БиХ (Република Српска), во Црна Гора, Косово и во Хрватска. А, токму тоа, има предизвикано и најголема нервоза и загриженост во соседството.

За поголемиот дел од јавноста во регионот, ваквата промоција на т.н. „српски свет“, под закрила на српските армиски сили, веднаш, е поистоветен со креатурата „голема Србија“ која доживеа фијаско во времето на диктатурата на Слободан Милошевиќ, но предизвика неколку војни на тлото на некогашна Југославија.

Реакција од Загреб

Прв на новиот српски празник реагираше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Па, зарем Србите немаат ништо позначајно и попаметно да направат од креирање празници кои предизвикуваат тензии во соседството“, затоа што тие значат мешање во внатрешните работи на соседните земји – ја пренесува Асошиетед прес изјавата од Загреб.

Од Белград, меѓутоа, на тоа е возвратено со пораката за тоа дека за „Србија нема ништо позначајно од заштитата на српскиот идентитет„. Нема притоа објаснување ни каде е загрозен идентитетот на српската националност (надвор од државните граници на Република Србија), а ниту како тоа Белград ќе го брани идентитетот.

Тамошните медиуми откриваат дека празникот се врзува за денот кога во 1918 година, во текот на Првата светска војна, српската кралска војска, со француската армија ги има поразено силите на Оската во северна Грција.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе