Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Една година затвор за Саркози

magicinfoto/Depositphotos.com

Една година затвор за Саркози

Поранешниот француски претседател Никола Саркози (66) е осуден на една година затвор, откако беше прогласен за виновен за нелегално финансирање на својата изборна кампања, за претседателските избори во 2012 година, што, инаку, ги изгуби.

Саркози, меѓутоа, нема да оди во затвор. Судијата во процесот објави дека казната ќе ја издржува дома, во домашен притвор, носејќи електронска белегзија на ногата, за да се следи неговото движење и за да не може да побегне.

„Како претседател на државата и како политичар, секако, знаел дека постои законско ограничување за трошење пари за изборната кампања,. Едноставно, знаел дека не смее да ја премине границата за трошење„ – рекол судијата во образложението на пресудата.

Иако казната ќе ја издржува дома, што може да се смета како привилегија за еден поранешен шеф на држава, таа е повисока од онаа што ја има побарано Државното обвинителство. Обвинителите бараа казна од шест месеци затвор.

Прв екс претседател – осуденик

Во текот на судењето, Саркози се бранеше дека нема сторено никакво кривично дело, објаснувајќи дека трошоците (за кампањата) не биле во негова надлежност и дека за тоа била одговорна ангажираат ПР агенција. Обвинителството, пак, тврдеше дека наместо дозволените 22,5 милиони евра за изборна кампања, Саркози и неговиот штаб имаат потрошено 43 милиони, речиси двојно повеќе пари, а разликата настојувале да ја прикријат со издавање фиктивни фактури за трошоци кои не постоеле.

Во изјавата по соопштување на пресудата, осудениот бивш политичар рекол дека станува збир за „неправедна одлука “на која тој ќе се жали, настојувајќи – како што рекол – на секој начин да ги исчисти од себе сите обвинувања кои му се припишуваат и за кои е обвинет.

Никола Саркози е првиот француски претседател, во современо време, што на два пати, едно по друго, е осуден на две затворски казни. Освен оваа за незаконско зголемување на трошоците за изборната кампања, што медиумите ја имаат опишана како раскошна, така и за политичка корупција.

Политичка корупција

Пред седум месеци, тој беше осуден на три години затвор, за „трговија со политичкото влијание и моќ“. И тогаш судот определи две години од пресудените три, да ги прогласи како условна казна, додека една година да помине во затвор.

Судот, сепак, се согласи таа една година, екс претседателот да ја помине во домашен затвор.

На тоа судење Саркози беше осуден затоа што го искористил статусот на поранешен шеф на државата, во една посебно сериозна „зделка“ која е кривично дело. Да му обезбеди, преку врски, на еден поранешен француски судија, министерско место во Монако, а тој тајно да ги известува неговите адвокати за тоа какви докази има судот во трите процеси што беа покренати против него.

Во овој случај од 2014 година, беа осудени и поранешниот судија, како и тогашниот адвокат на Саркози.

Следи и трето судење

Тој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година. Не доби втор мандат, затоа што загуби од социјалистичкиот кандидат Франсоа Оланд. Се обиде да се врати во Елисејската палата, за изборите во 2017, кога се правени оние екстра трошоци за кампањата, но тогаш не успеа ниту да ја добие поддршката на својата републиканска партија.

Неговата партија се определи за поранешниот премиер Франсоа Фијон, кој нестигна ниту до гласањето – беше откриено дека ја измамувал државата – и давал плата на сопругата за работа како советник во Парламентот, функција што таа никогаш не ја извршувала. Сега и обајцата се во затвор. На тие избори победи Емануел Макрон.

Судењето на Саркози, во секој случај, е преседан за Франција. Пред него му се судеше и на Жак Ширак за проневера, но во времето кога беше градоначалник на Париз.

Драмата околу Саркози, со ова не завршува, затоа што го чека уште едно судење, одново, врзано за изборна кампања, овој пат за 2012 година – за користење странски донации, што инаку е забрането.

(П.Ф.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе