Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Царска свадба во Русија

Antartis/Depositphotos.com

Царска свадба во Русија

Потомок на последниот руски цар Николај Втори Романов, инаку соборен од престолот со Октомвриската револуција во 1917 година, се венча во Санкт Петерсбург, со една раскошна царска церемонија – прва во Русија после повеќе од 100 години.

Младоженците се големиот војвода Георги Михајлович Романов и неговата свршеничка Вирџинија Бетарини. На венчавката, имало и странски гости, а меѓу нив се споменуваат принцот и принцезата од Лихтенштајн и поранешното бугарско царско семејство.

Венчавката се одржала во една од црквите во Санкт Петерсбург, а самиот чин на венчавање го извршиле високи свештеници на Руската православна црква.

Потомок на Николај Втори

Како гости на свадбата биле поканети 1500 лица, а меѓу нив имало и низа познати лица од современа Русија.

Медиумите, пред сите другите ги споменуваат, Константин Малофеев кој се декларира себе си како монархист, но овој руски милијардер е близок на Кремљ, како и портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Прадедото на младоженецот, големиот војвода Кирил Владимирович, побегнал од Русија за време болшевичката револуција. Тој бил братучед на последниот цар Николај Втори.

Георги Михајлович Романов (40) се школувал на британскиот Универзитет во Оксфорд, но најголем дел од животот го има поминато во Франција. Има работено во Европскиот Парламент во Стразбур, но бил ангажиран и за рускиот рударски гигант за никел во Норилск. Од пред три години, тој и неговата сега сопруга, се вратиле во Русија.

Честитка од Кремљ

Царската свадба има предизвикано силно внимание и кај „обичните луѓе“ кои се собрале пред цркавата, гледајќи нешто што сегашната генерација Руси го нема видено во живо и во нивната држава. Особено што младоженците минале низ шпалир, создаден од руски војници – онака како што тоа се правело во дамнешните царски времиња.

Некои присутни граѓани на Санкт Петерсбург изјавиле за домашните медиуми дека сето тоа што се случува и целиот раскош е мошне убаво за гледање, иако се согласиле дека руската монархија и припаѓа на минатото.

Мајката на младоженецот, големата војвотка Марија Владимировна од Русија, меѓутоа, самата се има прогласено како наследник на рускиот царски престол.

Со изјава се огласи и портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин кој на медиумите им изјавил дека Кремљ им посакува среќа на новата брачна двојка. Портпаролот Дмитри Песков, притоа рекол и дека “венчавката не е дел од нашата (денешна, руска политичка) агенда – на било каков начин“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе