Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Уапсен екс претседателот на Грузија

Zura Narimanishvili/Unsplash

Уапсен екс претседателот на Грузија

Пораешниот, про – западен претседател на Грузија Михаил Саакшвили (53) е уапсен и задржан во притвор, веднаш по враќањето во земјата, од странство каде живееше во егзил.

Функцијата ја извршуваше од 2оо4 до 2013 година, но подоцна беше обвинет за корупција. обвинување кое тој постојани го отфрла како „измислено“ и како „пример за политичка пресметка“.

Во петокот (на 1 октомври) Сакашвили објави на Фејсбук дека се вратил во земјата, за да помогне во мобилизацијата на домашната опозиција, пред локалните избори, Само неколку часови подоцна, грузискиот премиер објави дека екс претседателот е во затвор. Ваквата информација уследи откако претходно владата на премиерот Иракли Гарибашвили демантираше дека Саакашвили се вратил во Грузија.

Штрајк со глад

Во првата реакција дадена на грузискиот омбудсман тој рекол дека е политички затвореник и започнал штрајк со глад. Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, меѓутоа, студено на тоа реагирала дека „нема намера да го помилува“ својот претходник на функцијата.

Апсењето по враќањето на Саакшвили во стилот на рускиот дисидент Алексеј Навални, е резултат на силниот политички судир во оваа подкавкаска држава од пред осум години, кога како лидер на грузиската позиција повика на масовни протести во Тбилиси, кои прерасна во силни немири.

Во петокот тој се огласи од градот Батуми, на брегот на Црно Море, одново со повик до неговата партија и домашната опозиција за соборување на актуелната власт и за „враќање на слободата“.

Во судир со власта и Москва

Сегашната власт во Тбилиси е од 2012 година. Последните избори ги доби со минимално мнозинство, но со многу сомнежи за нарушена демократија, за нерегуларности и за наместен изборен резултат, што одново предизвика немири и нестабилнист во земјата.

ЕУ се обиде да посредува во судирот на власта и опозицијата и во април годинава успеа да издејствува договор на двете политички спротивставени страни.

Во текот на летото, меѓутоа, власта и нејзината владејачка партија – едноставно – се повлекоа од договорот. Одбија да го спроведат она за што пред шест месеци се согласија – да има предвремени избори доколку власта не добие 43 отсто од гласовите на локалните избори. Во таа ситуација, се јави Саакашвили, враќајќи се во земјата и свесен дека ќе го уапсат пред локалните избори.

Михаил Саакашвили го осудуваат за воениот судир со Русија, во август 2008 година, по што Грузија, покрај Абхазија ја загуби и Јужна Осетија, што Москва сега ги призна како независни држави. Тогаш малку требаше руските тенкови да дојдат до главниот град на оваа поранешна советска република.

Грузиецот стана Украинец

Тој стана популарен кај Грузијците кога се определи за свртување на Грузија кон Западот, наместо дотогашните цврсти врски со Москва. Побара влез на Грузија во ЕУ, како и членство во НАТО, па иако не е членка, земјата имаше броен контингент свои војници во Авганистан, како сојузник на Алијансата и на Западот.

Тоа, меѓутоа, го направи непријател на Русија, па мораше да се повлече.

По заминувањето од татковината, Саакашвили главно престојуваше во Украина.

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко му додели украинско државјанство. Тој се откажа од грузиското и стана гувернер на областа Одеса, каде започна пресметка со локаните тајкуни и корупцијата. Но, влезе во судир со властите во Киев, па замина од Украина, а Украинците му го одзедоа доделеното државјанство.

Извесно време живееше во Холандија, од каде е неговата сопруга.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе