Поврзете се со нас

Skopje Global

Депресија излекувана со имплант за мозокот

Здравје

Депресија излекувана со имплант за мозокот

imagepointfr/Depositphotos.com

Депресија излекувана со имплант за мозокот

Една 36 годишна жена, заболена од сериозен облик на депресија, била излекувана со помош на електричен имплант за мозокот – открива британски „Гардијан“.

Весникот оценува дека станува збор за значаен напредок на невронауката, затоа што тоа им дава надеж на луѓето заболени од ментални болести дека би можеле да се излекуваат, без користење на лековите кои и онака не им помогнале.

Станува збор за имплант – направа која работи на тој начин што ги открива мозочните активности кои се поврзани со депресијата и по тоа – автоматски – ги прекинува, користејќи ја за тоа стимулацијата што се дава, длабоко во мозокот.

Исклучителен успех

Според весникот, пациентката подоцна изјавила дека ваквата терапија ја „вратила одново во живот за кој вреди да се живее“, објаснувајќи дека сега, за прв пат после пет години, спонтано да се насмее.

Засега ваквата терапија е испитана само на еден човек, а е погодна само за оние кои се означени како тешко болесни. Сепак, лекарите кои ја употребиле сметаат дека ова е „исклучителен успех“. Затоа што тоа е прва демонстрација при која активноста на мозокот, која е и симптом за некоја ментална болест, на овој начин може со сигурност да се открие, дури и кај пациенти кои подолго се болни.

Кетрин Скагос, од Одделот за клиничка психијатрија на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, го истакнала големото значење на ова постигнување. „Досега во психијатријата не можеше да се прават ваков вид персонализирани терапии“ – изјавила оваа професорка.

Таа смета дека, само по себе, успехот значи неверојатен напредок кога станува збор за сознанијата на науката за функцијата на мозокот, што е основа за сите ментални болести. Британскиот професор Руперт Мекшејн од Универзитет во Оксфорд, пак, рекол дека извршената демонстрација упатува на начинот за испитување на наглото паѓање во очаеност. што може да се претвори во деструктивност.

Длабока стимулација на мозокот

Во изминатите дваесетина години, длабока стимулација на мозокот била користена за лечење на десетици илјади пациенти со Паркинсовата болест и со епилепсија.

Но, испитувањето на состојбите со депресија, лекувани на овој начин, немаат дадено некаков поголем резултат. Предизвикот е во тоа што, изгледа, дека мозокот нема едно подрачје што е поврзано со депресијата, туку дека во игра може да се и неколку меѓусебно поврзани области. А, тие прилично да се разликуваат од една личност, до друга.

Имплантот, засега, чини 35 илјади долари и е прилагоден за оние кои страдаат од епилепсија наречена „NeuroPace RNS System”.

Тимот од лекари кои ја има изведено првата интервенција, веќе има обезбедено двајца нови пациенти, а се најавува дека во следниот период уште деветмина други ќе бидат лекувани на ваков начин.

Се смета дека на тој начин ќе може да се утврди дали техниката со имплант за мозокот може да се користи и за поширок круг ментални болести.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе