Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Адел со нов албум – за нејзиниот развод

benhoudijk/Depositphotos.com

Адел со нов албум – за нејзиниот развод

Британската поп – ѕвезда Адел изјави дека (конечно) има подготвено и снимено нов албум кој музичката јавност и нејзините обожувачи во Британија и низ светот со нетрпение го очекуваат, затоа што доаѓа по неколку години целосен прекин на нејзината кариера.

Но, албумот предизвика интерес, пред и да се појави, откако Адел објасни дека тој зборува за нејзиниот развод и посебно, затоа што „треба да му помогне на нејзиниот деветгодишен син да разбере зашто таа и неговиот татко се развеле“.

„Едноставно, сакав да му помогнам на синот, преку овој (музички) албум – кога ќе има 20, или 30 години – да разбере која сум јас и зашто, според мојата слободна волја, се одлучив да му го размонтирам целиот негов живот, трагајќи по сопствената среќа” – има речено пејачката за британските медиуми.

Адел признава дека во определени моменти синот бил многу несреќен и дека тоа на неа има оставено тешки последици од кои вели дека не знае дали воопшто ќе се опорави.

Албумот е нејзиниот четврти по ред и би требало наскоро да се појави. Заглавен е како „30“ според бројот на годините што таа ги имаше го се омажи за својот долгогодишен придружник и партнер Сајмон Конеки. Набргу беше објавено дека е бремена, но потоа и дека таа се разделила од сопругот и татко на детето.

Формално, брачната двојка се разведе оваа година, откако беше постигната спогодба за старателството врз синот. Во меѓувреме, Адел целосно го измени својот имиџ, ослабнувајќи дури за (велат) половината од нејзината поранешна тежина.

Зборувајќи за својот развод, пејачката има речено – “Целиот живот тогаш ми се распадна, без никакво претходно предупредување“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе