Поврзете се со нас

Skopje Global

Оскар Писториус на условна слобода?

Екстра Глобал

Оскар Писториус на условна слобода?

ChinaImages/Depositphotos.com

Оскар Писториус на условна слобода?

Поранешниот атлетичар и некогашна спортска ѕвезда на Јужна Африка Оскар Писториус го стекна правото да биде пуштен од затвор, на условна слобода, откако осум години помина во ќелијата, во затворот во Преторија.

Но, пред да може тоа да се случи тој ќе мора, претходно да се сретне со родителите на жртвата во убиството за кое и беше осуден на 13 годни затвор.

Во февруари 2013 година, на Денот на вљубените (Свети Валентин), Писториус пукаше и ја уби својата девојка, познатата јужноафриканска манекенка и фото – модел Рева Стенкамп. Убиството се случи во неговата куќа во еден елитен кварт на Преторија.

Убиство на Денот на вљубените

Според неговата верзија за инцидентот, тој и призна на полицијата дека пукал низ вратата на бањата, откако од внатре слушнал „чудни звукови“. Мислел дека станува збор за крадец кој се вовлекол во куќата, незнаејќи дека во бањата се наоѓа свршеничката Стенкамп.

И тој и неговите адвокати настојуваа да го убедат судот дека станува збор за несреќен и трагичен инцидент, но обвинителите инсистираа дека станува збор за „обично убиство“ иако можеби извршено во афект. Обвинителството се повика на неколкумина сведоци – соседи кои тврдеа дека пред пукањето, од куќата на Писториус се слушале викотници и расправија меѓу нив двајцата. Некои сведоци тврдеа дека прославениот атлетичар е лесно избувлив човек и дека тој и порано се има заканувано со оружје во расправија со некои луѓе.

Првично, судијата (жена) го осуди на поблага казна од пет години затвор. По жалбата на обвинителството и на родителите на убиената Стенкамп, се одржа нов процес во кој Писториус доби многу повисока затворска казна.

Право за условно ослободување има стекнато во јуни оваа година. Сослушувањето беше закажано за септември, но се одложи затоа што немаше договор за средбата на осудениот со родителите на жртвата.

Параолимпиец на Олимпијада

Сега се претпоставува дека тоа би можело да се случи до крајот на оваа година, на тој начин што Писториус ќе биде одведен од Преторија во Порт Елизабет, каде живеат родителите на убиената кои, пак, не може да патуваат од здравствени причини.

При разгледувањето на барањето за условно ослободување, Одборот кој одлучува го зема во предвид мислењето на родителите на жртвата, но тоа не е единствениот критериум за конечната одлука.

Светска слава Писториус стекна како параолимпиец каде беше уверлив во трката на 400 метри. На Олимпијадата во Лондон, во 2012 година, меѓутоа, тој трчаше во квалификациите на истата патека, натпреварувајќи се со другите спортисти, иако нозете му се отсечени до потколениците.

Трчаше со специјално конструирани метални протези, откако претходно лесно ја исполни потребната олимписка норма, воодушевувајќи ја спортската јавност, иако не се квалификува за финалето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе