Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Разменети бебиња поради заменети ембриони

londondeposit/Depositphotos.com

Разменети бебиња поради заменети ембриони

Брачна двојка од Лос Анџелес има поднесено тужба против клиника специјализирана за вонтелесно оплодување, откако се утврдило дека биле заменети ембрионите, па двојката добиле погрешно бебе – дете од друга брачна двојка!

Се почнало откако Дафне и Александар Кардинале, во септември 2019 година, за прв пат, го виделе своето новородено бебе. Веднаш забележале дека нешто не е во ред, затоа што нивното бебе има потемна кожа и коса, сосема различно од другите членови на семејството.

Направиле генетски тестови од кои се открило дека новороденчето кое оваа двојка го добила и неколку месеци го одгледувала – генетски не било поврзано сo Дафне и Александар. Тестовите само потврдиле дека бебето било биолошки поврзано со други луѓе, односно дека „нивното“ бебе не е нивно и дека биолошки им припаѓа на други луѓе.

Преку адвокати имаат поднесено тужба до судот во која се инсистира дека ембрионите на двете брачни двојки биле (веројатно ненамерно и по грешка) разменети и така се внесени во жената која не била донор на јајната ќелија.

По откривањето на грешката, двете двојки стапиле во контакт и се запознале. Тогаш и се спогодиле секоја двојка да си го земе своето биолошко бебе. Нивната спогодба, подоцна ја има прифатено и судот кога се утврдило што навистина се случило.

Но, грешката на клиниката, според тврдењето на брачната двојка Кардинале, оставила сериозни траги и трауми врз обајцата, па тие се одлучило да ја казнат клиниката и да бараат од неа отштета.

„Раѓањето на детето требаше да биде голема радост, по низата неуспешни обиди жената да остане бремена, по природен пат, а се претвори во траума и драма – дека всушност, имаме туѓо бебе – има изјавено за американските медиуми оваа брачна двојка. Тие сега велат дека мошне трауматски ја имаат доживеано (посебно жената – мајка) и подоцнежната размена на бебињата.

„Вистинска ноќна мора беше да го загубиш бебето што веќе го имаш запознаено и го познаваш, а да добиеш друго, ново, што е вистински ваше, но се уште не го познаваш “ – изјавил таткото Александар Кардинале.

Засега не се знае колкава отштета бара семејството, како што не е позната и реакцијата на клиниката, ниту објаснувањето – како тоа воопшто можело да се случи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе