Поврзете се со нас

Skopje Global

Самитот за климата со компромис за јагленот

Свет

Самитот за климата со компромис за јагленот

Tuchong-Microstock2/Depositphotos.com

Самитот за климата со компромис за јагленот

Самитот за климата што се одржуваше во Глазгов, во Шкотска, заврши со компромисна декларација за судбината на јагленот.

Учесниците се согласија да ја прифатат индиската формулација, на која таа жестоко инсистираше – наместо во текстот да стои “постепено исфрлање на јагленот од употреба“ како гориво за индустриските потреби, да се внесе поблагата варијанта – „постепено намалување на користењето на јагленот“.

Мнозинството од вкупно 197 земји кои учествуваа на Самитот, се разочарани од оваа многу поблага формулација во документот, затоа што се смета дека таа не одговара на основната цел на собирањето – зголемувањето на температурата, на глобално ниво, до крајот на овој век да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови.

Сепак, завршната декларација сите ја потпишаа, настојувајќи од Самитот да има некаков документ, за да не се случи тој да заврши со фијаско.

„Историска одлука“

Голем број европски држави, како и малите островски земји, на кои како на Малдивите им се заканува да исчезнат поради глобалното загревање и зголемувањето на нивото на морињата, се спротивставуваа на оваа нова формулација, за која велат дека, практично, ништо не значи. Но, Индија и Кина – двете најнаселени земји во светот и најголеми корисници на јагленот (и силни загадувачи) останаа до крајот на позицијата дека тие не може да ја прифатат предложената варијанта за – исфрлање на јагленот од употреба.

Претседателот на Самитот СОР/26 Алок Шарма, во првата реакција изрази жалење за начинот како е завршен Самитот. Cепак, тој го поздравува неговото одржување и со удар со дрвениот чекан означи на крајот дека е постигнат договор.

Високиот претставник на ЕУ за климатски промени Франс Тимерманс, пак, изрази незадоволство од однесувањето на Индија и нејзиното упорно барање за промена на предложената формулација, практично, заканувајќи се со блокирање на завршниот документ. Тој, меѓутоа, смета дека и вака, Самитот е успешен и дека на него е донесена „историска одлука“.

Индија и Кина против сите

Индија и нејзиниот министер за екологја Бупендер Јадав, пак, ја бранеше позицијата на својата земја до самиот крај на конференцијата, инсистирајќи дека не е Индија виновна за климатските состојби, а за глобалното загревање го обвини – како што има речено – неодржливиот начин на живот и живеење и силниот потрошувачки менталитет на луѓето во богатите земји.

Овој министер уште рекол дека државите во развој имаат право самите да бидат одговорни за користењето на јагленот и сите други фосилни горива.

Во атмосферата на закана од блокада на конференцијата, претставникот на ЕУ инсистирал да се направи дополнителен напор во трагањето по компромисната формула, за да не се случи крах, непосредно пред целта – како што рекол Тимерманс, зборувајќи дека успехот на Самитот е потребен за иднината на идните генерации.

Останува, сепак, впечатокот дека тврдоглавоста на Индија, како и на Кина, го имаат оневозможено обој резултат што беше посакуван. Но, кинескиот претставник не е задоволен и од постигнатиот компромисен заклучок, порачувајќи дека тој е далеку од тоа да биде совршен.

Малдивите пред исчезнување!

Кинескиот претставник ја изразил спремноста на Пекинг за еден, како што рекол, избалансиран текст што би требало да ги има во предвид интересите на сите учесници. Кина веќе објави дека до 2060 година ќе обезбеди нулта стапка на емисија на јаглендвооксид, но дека до 2030 година ќе стигне до максималното ниво на емисијата на овој гас, како и дека од таа позиција никако не може да отстапи.

На страната на Индија и Кина се нашол и претставникот на Јужна Африка, додека министерот за човековата околина на Малдивските острови, еден од сегашните „бисери и рајски места“ во Индискиот Океан, чии туристички агенции се рекламираат со пораката – дојдете да не посетите додека се уште не има на географската карта – има сосема поинакво гледање на работите.

Според овој министер и натаму клучното прашање се парите и несогласувањето околу тоа меѓу богатите и сиромашните. Станува збор за потребата да се издвојуваат многу повеќе средства за земјите кои се жртви (низ бројните природни непогоди) на глобалното затоплување и на климатските промени.

Малдивите и другите како оваа островска држава од поодамна бараат специјален, независен механизам на компензација за неповратните штети од промените на климата. Досега светот, а пред се богатите, се оглушуваа на ова барање.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе