Поврзете се со нас

Skopje Global

Макрон го „измени“ француското знаме

Вести

Макрон го „измени“ француското знаме

stevanovicigor/Depositphotos.com

Макрон го „измени“ француското знаме

Францускиот претседател Емануел Макрон го измени изгледот на државното знаме на Франција, определувајќи се за потемна нијанса на сината боја – т.н. морнарско сино – наместо досегашната посветла сина боја.

Ваквото решение, што во Париз и официјално е потврдено, веќе било во употреба уште минатата година, кога француската трибојка – со сино, бело и црвена боја – била заменета со новото знаме на која сината е потемна од досегашната нијанса и поставена на претседателската палата, но тогаш немало никаква најава, ниту пак некој реагирал за промената.

Сега се објаснува дека Макрон сакал да ја врати оваа варијанта на сината боја, затоа што таа се користела во времето на Француската револуција и за Французите претставува симбол на револуционерните промени.

Медиумите потсетуваат дека француската морнарица од секогаш на државното знаме ја користела нијансата од времето на револуцијата, на сите свои објекти, како и тоа дека во изминатите децении – биле паралелно користени двете нијанси на сината боја.

Одлуката на Макрон, пак, не е ништо ново во француската пракса со државното знаме.

Во 1976 година, тогашниот претседател Валери Жискар Дестен, има наредено знамето на Франција да биде со посветла нијанса на сината боја, за да се изедначи со сината боја на знамето на денешна ЕУ, а во неговото време – со знамето на тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ).

Некои медиуми во Париз сметаат дека целата оваа работа со замената на нијасата на сината боја е само од естетски причини, затоа што речиси насекаде низ Франција, државното знаме и она на ЕУ, се поставени едно крај друго.

Меѓутоа, нема наредба од Елисејската палата сите да го следат примерот на претседателската палата, како што нема и налог – на јавните згради да се постави „новото, изменето“ државно знаме.

Се јавува дека во домашната јавност има различни реакции за одлуката на Макрон. Едни сметаат дека морнарско сината боја е „грда и во спротивност со европската сина и европското знаме“, додека други го поздравуваат решението за враќањето на Франција кон знамето од времето на револуцијата.

Нема реакција од Елисејската палата, но во Париз се смета дека измената на знамето нема да се толкува како анти – европски гест.

Франција од 1 јануари, го презема (од Словенија) претседавањето со ЕУ, а Макрон во април се соочува со претседателски избори. Засега, тој и ултрадесничарката Марин Лепен се наоѓаат во „мртва трка“ – речиси изедначени во поддршката – со сосема мала предност за актуелниот француски претседател.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе