Поврзете се со нас

Skopje Global

Синот на Гадафи кандидат за претседател на Либија

Свет

Синот на Гадафи кандидат за претседател на Либија

Margarita Arredondas, Saif al-Islam Kadhafi, CC BY-SA 4.0

Синот на Гадафи кандидат за претседател на Либија

Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи кој во текот на бунтот во 2011 година против неговиот режим, беше заробен, измачуван, а потоа брутално ликвидиран, се кандидира за првите директни претседателски избори во Либија, што се предвидени за идниот месец.

Синот Саиф ал Ислам Гадафи, уште додека неговиот татко беше на власт, важеше за негов наследник.

Сосема различен од таткото, Саиф беше често низ светот, но најмногу во Британија и во Лондон, каде тој и семејството имаа недвижен имот, а синот во сите контакти што ги имаше во деловните кругови требаше да го претставува новиот имиџ на Либија, што тој успешно го правеше, повремено дискретно дистанцирајќи се од таткото.

Сликата што Саиф ја градеше беше различна од онаа во која, уште на времето, се смести самиот Гадафи, постојано обвинуван дека го финансира и го поттикнува меѓународниот тероризам.

Осуден на смрт, па ослободен

Гадафи и Либија беа обвинети за соборувањето на американскиот патнички авион над шкотско место Локерби, во осумдесеттите години на 20 век.

Ништо досега прецизно не се докажа, но тој прифати, после еден американско – либиски договор, направен со посредство на ОН, да ја плати отштетата за сите жртви на нападот, во висина од 3,5 милијарди долари, без притоа да прифати и директна вина дека Либија и нејзината тајна служба стојат зад нападот.

Еден припадник на либиската тајна служба беше предаден за да му се суди и тој беше осуден за подметнување бомба во багажот на американскиот авион, во кој најголем број од загинатите беа Американци.

Осуденикот ја издржуваше казната доживотен затвор во Шкотска, но беше ослободен откако заболе од рак. Во неговото префрлање во Либија беше вклучен токму Саиф ал Ислам кој тогаш, за прв пат, се појави во улогата на близок соработник на неговиот татко.

Кога пред десет години избувнаа немирите, што требаше да и донесат демократија на Либија, а се претворија во брутална граѓанска војна, што траеше една деценија. Саиф застана во одбрана на власта на таткото.

А, кога Гадафи беше фатен, го заробија и Саиф, пред да може да побегне од земјата. Шест години беше задржан во заточеништво од една од либиските милиции. Иако беше осуден на смрт, пред две години беше ослободен, откако пресудата беше поништена.

Противкандидат на „господарот на војната“

Сега одлучи да се вклучи во политиката на нова Либија.

На сликата на која се гледа како се пријавува за претседателските избори, се дадени цитати од Коранот, што е сосема различно од сликата што ја градеше за себе пред повеќе од 10 години. Тој е се уште формално обвинет од Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) за воени злосторства, но ниту се крие, а ниту е изолиран, па оваа година имаше интервју и за „Њујорк Тајмс“.

Како и да е, кандидирањето на Саиф ал Ислам за либиски претседател ја има поделено тамошната јавност.

Сеќавањата за времето на владеењето на неговиот татко се уште свежи и не мал број Либијци не може да прифатат синот на Гадафи да ја предводи сегашна Либија. Особено што ситуацијата во земјата и натаму е крајно неизвесна за тоа како ќе се развиваат работите.

Ривалството меѓу спротивставените сили во земјата останува и натаму и тоа може да предизвика неуспех на изборите, уште повеќе што еден од кандидатите е генералот Калифа Хафтар. Тој важи за “господар на војната“ и беше на пат да го освои и главниот град Триполи и да ја собори владата која ја признава ОН, доколку не се замеша меѓународната заедница и не изнуди кревко примирје.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе