Поврзете се со нас

Skopje Global

Ифимес: Албанците и ја предаваат Македонија на Русија?

Македонија

Ифимес: Албанците и ја предаваат Македонија на Русија?

Mauritius71/Depositphotos.com

Ифимес: Албанците и ја предаваат Македонија на Русија?

Соработката на македонските Албанци со Русија не е забележана во современата историја на Албанците. Тие сите свои стратешки односи ги градат, првенствено, со САД. Но најновите случувања во Република Северна Македонија, откриваат дека дел од локалните Албанци, со своите потези и со своето однесување – кое е сосема погрешно – се ставаат во функција на руската страна и на руските интереси.

Станува збор за нивното свртување против владата на актуелниот премиер Зоран Заев, а со заткулисните настани на македонската политичка сцена се открива дека еден дел од македонските Албанци соработуваат со вмровската партија и со Никола Груевски (кој и натаму ја води партијата, од странство), што во основа претставува предавање на државата на Русија.

Вака ја опишува актуелната политичка ситуација во Македонија, словенечкиот Институт за Блиски Исток и за Балканот (Ифимес) во својата темелна и опширна анализа за – како што се вели – создадената криза по одржаните два круга од локалните избори.

Аналитичарите на Институтот ги оценуваат случувањата како ОПАСНИ, особено затоа што се одвиваат синхронизирано со она што се случува во БиХ (на која и се заканува распад) и затоа што тие претставуваат закана за целиот регион.

Унгарија и Бугарија го соборуваат Заев

Анализата вели дека целата криза која се гради во Македонија е во функција на операцијата за враќање во земјата, но и на власт на еднаш соборениот поранешен македонски премиер – осуденик Груевски кој пред да оди во затвор, со правосилна пресуда, побегна во Унгарија – кај Виктор Орбан.

За Ифимес е индикативно што во оваа операција, која за почеток треба да го тргне од функцијата премиерот Заев и да собори неговата легално избрана влада, се вклучени две држави кои се членки на НАТО и на ЕУ. Едната (Унгарија) со давањето азил (на бегалецот), а другата (Бугарија) со блокирањето на Македонија, за нејзиниот старт на преговорите за членство во Унијата.

Двете земји ИМААТ СВОИ ЛУЃЕ во опозициските партии во Македонија.

На овој начин, овие земји – членки на НАТО/ЕУ дејствуваат и против интересите на Алијансата и на Унијата, што досега не е забележано во нивната историја. Едноставно, досега се нема случено – членки на НАТО и на ЕУ да се најадат на страната на Русија, а контра организациите на кои им припаѓаат.

Уште повеќе загрижува тоа што и едната и другата се здружени против Македонија која и самата е членка на Северноатланската алијанса – се вели во анализата на Институтот од Љубљана.

Тајна операција за враќање на Груевски

Анализата тргнува од гласањето за доверба на владата на Зоран Заев (11 ноември) кога требаше таа да се собори и „пред очите на македонската и на меѓународната јавност да се спроведе завршницата на тајната разузнавачка операција за враќање на Груевски.

Овој Институт, инаку, уште пред некој месец предупреди дека по локалните избори ќе биде соборен Заев, кога беше откриено дека таквото сценарио е во завршна фаза. Сето тоа почнало со појавувањето на „нон – пејперсите“ кои се врзуваа за Јанез Јанша, а сега се гледа дека всушност станува збор за паралелни процеси за дестабилизација на Македонија и на БиХ, како и тоа дека и двата се координирани во Будимпешта. Словенечкиот институт, притоа, прашува – каква е улогата во сето ова на Словенија и на нејзиниот премиер кој токму во ова време претседава со ЕУ.

Обработувајќи ја македонската ситуација, наназад, Ифимес потсетува дека на бегалецот Груевски му се припишува дека има изнесени над пет милијарди евра, дека се прислушувани над 25 илјади македонски граѓани, дека од бизнисмените ги има присилено да плаќаат рекет на режимот. Во исто време, низ предизвикување меѓуетнички конфликти има создадено атмосфера на страв и несигурност кај обичните луѓе, но за себе и за кругот луѓе околу него има обезбедено огромно богатење.

Лажни вести со унгарски пари

Разузнавачките агенции имаат детектирано и лоцирано над 160 медиумски портали кои секојдневно произведуваат лажни вести и дезинформации, измислувајќи афери, само за да се дискредитира Заев, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Станува збор за дејствувањето на унгарската компанија Adinamec Media која управува со интернет весниците на македонска територија кои сите се во функција на ВМРО. Оваа компанија, инаку врзана за унгарската државна телевизија Magyar Televizo (MTV) која е под капата на владеачката партија Фидес, додека медиумската фирма е на луѓе блиски на Орбан.

Во Македонија, пак, анализите покажуваат дека Сашо Мијалков и Орце Камчев го имаат ставено под контрола целиот правосуден и полициски систем и како исклучок се споменуваат обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов, како и министерот Оливер Спасовски. Анализата вели дека сите тројца имаат одиграно клучна улога во заштитата на уставниот и правниот поредок на земјата.

Демонтирање на центарот на моќта

Токму затоа, експертите на Ифимес укажуваат на тоа дека приоритет мора да биде целосното демонтирање на режимот и на моќта на тројката Груевски – Мијалков – Камчев.

За нив се вели дека во 11 – те години вмровска власт имаат воспоставен неформален центар на моќ, подржан од разузнавачко подземје кој продолжува и сега да управува – од подземјето во кое се наоѓа – оставајќи и на актуелната влада само делумно да го демонтира тој систем на моќ.

Целта на тој центар што, инаку, располага со многу пари, е враќање на Македонија на старата позиција, од пред доаѓањето на власт на сегашната власт.

Прво со нејзиното уривање, а потоа со елиминација на Преспанскиот договор кој ја извлече Македонија од изолација, ја направи членка на НАТО што е историски успех, затоа што го гарантира територијалниот интегритет на државата.

Овој Центар е против договор со Бугарија, но и против Охридскиот договор и во крајна смисла ја доведува во прашање и потребата од членство во НАТО. А, сите тие кои се сместени во центарот на таа моќ и се околу него, во разузнавачкото подземје, се бранители и промотори на руските интереси во Македонија и во регионот.

„Манџуриски кандидат“

Во една таква атмосфера, на локалните избори, во Скопје се избира за градоначалник еден – „Манџуриски кандидат“ – Данела Арсовска.

Таа само формално е „независна“, затоа што е кадар од проектот на Груевски и на неговата партија. Таа е вмровски човек, почесен конзул на Унгарија, државјанин на Бугарија и идеална да биде лице за „Манџуриски кандидат“, што фигуративно значи да биде „крт“, или т.н. „заспан агент“ уфрлен на една локација, или на една задача.

Негова работа е да извршува субверзивни задачи, што во случајот на Арсовска, значи да дејствува како ќе и наложат. Тоа, пак, мора да биде во функција враќањето на бегалецот од Унгарија – право на власт од каде беше тргнат.

Арсовска, како и целата опозиција, имаат една задача – да го тргнат Заев – тврди во анализата словенечкиот Институт – за да се запрат сите процеси на демократизација и за да се анулираат сите витални меѓународни договори на оваа влада и на земјата.

Затоа, експертите на Ифимес забележуваат дека во една ваква ситуација веќе не се работи за премиерот Заев, колку за тоа каква ќе биде иднината на Македонија, но и на целиот регион. Особено што за земјата и натаму се тврди дека останала заробена од ваквите назадни и антизападни, антиевропски и проруски сили – за да се продуцира постојано незадоволство со брзината на промените.

Погрешно и штетно

Сето тоа ставено само во функција на соборување на владата и сегашната власт.

Се потсетува дека сличен обид – со „манџуриски кандидат“ – бил направен и во 2019 година, со определувањето на Гордана Силјановска за претседателски кандидат на тогашните избори – со единствена задача – со помош на рускиот фактор и со дел од Албанците да се изведе некаква контра – револуција, наспроти онаа “шарената“, за да може да се избрише се она што режимот на Груевски го има направено дека ја имаше под контрола Македонија.

И, тука се доаѓа до она што аналитичарите на Ифимес го оценуваат како погрешно и како штетно.

Тоа е сосема погрешната улога на македонските Албанци кои сега се сместуваат на руската страна – како што никогаш досега не биле – дејствувајќи против интересите на државата, но и против волјата на албанските гласачи, определувајќи се да бидат во функција на интересите на Русија. Служејќи му притоа на ВМРО само за да дојде на власт, за мисијата што друг му ја има определено.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе