Поврзете се со нас

Skopje Global

САД со осуда за Румен Радев – за Крим

Европа/ЕУ

САД со осуда за Румен Радев – за Крим

Belish/Depositphotos.com

САД со осуда за Румен Радев – за Крим

Еден ден по победата на изборите, старо, новиот бугарски претседател Румен Радев се соочи со остра осуда од САД, околу неговата изјава за статусот на Крим. Во соопштение на американската амбасада во Софија се вели дека Вашингтон е „длабоко загрижен“ за изјавата на Радев.

Полуостровот Крим беше анектиран од Русија, а САД, ЕУ и НАТО не ја признаваат ниту окупацијата, а ниту анексијата, извршена во март 2014 година. За нив, полуостровот е дел од украинската државна територија.

„Крим сега е руски“!?

Но, во една телевизиска дебата, на два дена пред гласањето, спротивставувајќи се на Анастас Герџиков, кандидат на партијата ГЕРБ, Радев инсистирал на потребата од „прагматичен однос и за прагматични врски со Русија“, залагајќи се за тоа ЕУ да го обнови дијалогот со Москва.

„Санкциите што беа воведени поради Крим и Украина не даваат никакви резултати“ – рекол Радев, додавајќи притоа – „Крим сега е руски, а што друго и би можел да биде“!?

Ваквото толкување на бугарскиот политичар веднаш има предизвикано гневна реакција на официјален Киев, а со осуда и несогласување за ваквата изјава се огласиле освен САД и групата Г – 7, Европската Унија и НАТО.

Во соопштението на амбасадата на САД во Софија се вели дека “и покрај извршената анексија и окупацијата – Крим е Украина“ и при тоа се потсетува на заедничката декларација на земјите членки на Алијансата од Самитот во август.

„Сите ние, вклучувајќи ја и Бугарија, тогаш се согласивме дека Крим е составен дел од Украина, како и дека сите ние ниту ја признаваме, а ниту ќе го признаеме руското настојување за легализација на нејзиното запоседнување, освојување и окупација на полуостровот“ – се вели во американското соопштение.

Сомнеж во бугарската лојалност

Според американските медиуми, Бугарија беше и останува длабоко поделена околу својата лојалност. Иако е дел од НАТО и е членка на ЕУ, многу бугарски граѓани и понатаму се залагаат за врзување со Русија, како што тоа беше во времето на комунизмот и Советскиот Сојуз кога оваа балканска земја беше најлојалниот сојузник на Москва.

Тоа често се објаснува со старите историски и долгите културни врски со Русија, каде се школувани низа генерации бугарски граѓани. Вклучувајќи го и бугарскиот претседател Радев кој воена академија има завршено во Москва.

Од друга страна, Бугарија иако е членка на ЕУ, продолжи да биде силно зависна од руската енергија, што предизвикува да биде силно изложена на големиот руски притисок, уште и како руски сосед – преку Црно Море. Тој притисок е посебно видлив и силен во сегашните тензии на Москва со Западот.

Радев го собори Борисов

Позицијата на Радев, како претседател на бугарската политичка сцена, е онаква каква обично ја имаат сите претседатели на држави низ Европа, но тој во долгата политичка криза во која се наоѓа земјата од летото во 2020 година, настојува да се издигне себе си над ограничувањата предвидени според бугарскиот Устав.

Тој ја отвори кампањата против поранешниот премиер Бојко Борисов и како сега стојат работите, го истисна од политичката сцена – максимално девалвирајќи го низ уличните протести што самиот. лично ги поттикнуваше.

Освен тоа, Радев ги откри и ги внесе во техничката влада двајцата новаци во политиката Петков и Василев, кои набрзина создадоа партија и таа на третите избори во седуммесечните изборни превирања – успеа да собере најмногу гласови.

Румен Радев и на претходните и на сегашните претседателски избори се јавуваше како независен кандидат, но и во првиот и во вториот изборен циклус тој, всушност, беше кандидат на бугарските социјалисти (БСП). Станува збор за партија околу која се собираат бугарски русофили и која се залага за одржување блиски врски со Москва.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе