Поврзете се со нас

Skopje Global

Водечки водител на Си-Ен-Ен исклучен од работа

Свет

Водечки водител на Си-Ен-Ен исклучен од работа

everett225/Depositphotos.com

Водечки водител на Си-Ен-Ен исклучен од работа

Водечкиот водител и коментатор на американската ТВ мрежа Си – Ен – Ен Крис Куомо е тргнат од програмата и трајно суспендиран од работа, затоа што му помагал на својот брат – поранешниот гувернер на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, во времето кога се бореше да ја сочува функцијата, откако беше обвинет за сексуално вознемирување на своите соработнички.

Станува збор за по малку невообичаено и ретко користено решение во американската новинарска пракса и посебно во оваа позната, глобална телевизиска компанија.

Но, уредништвото на Си – Ен – Ен соопшти дека донеле ваква одлука по публикувањето на новите документи што ги има обезбедено обвинителството на државата Њујорк, за целиот случај околу однесувањето на поранешниот гувернер, потоа за браќата Куомо и посебно за помладиот брат Крис, кој досега го држеше ударниот вечерен и мошне гледан термин на програмата.

Прекршена новинарска етика

Новите докази, потврдиле многу поголемо ниво на вклученост на водителот – коментатор во целата приказна околу братот, уште пред таа да се појави во јавноста, па медиумската компанија оценила дека под такви услови тој не може и понатаму да остане на позицијата што ја има во телевизијата, како и во компанијата.

Гувернерот Ендрју Куомо поднесе оставка во август година, по силниот притисок од јавноста и од медиумите, откако истрагата на обвинителството ги потврди наодите на жените кои го обвинуваа за сексуално вознемирување на работното место. Во еден момент се огласи дури и претседателот на САД Џо Бајден, сугерирајќи му да ја прифати одговорноста и да се повлече од функцијата.

Од друга страна, заткулисните настојувања на Крис, да му помогне на братот политичар, на угледната гувернерска позиција, а во исто време да ги коментира на програмата случувањата во оваа сојузна држава (и во САД), вклучувајќи ги и оние врзани за скандалот – претставуваат кршење на новинарската етика.

Притисок врз канцеларијата на гувернерот

Во новообјавените документи на обвинителката Летиција Џејмс, што се појавија на почетокот од неделата, откриваат дека помладиот брат Куомо, новинарот, вршел притисок врз канцеларијата на гувернерот, да му дозволат да има поголема улога во одбраната на својот брат.

Крис испраќала мејлови, што сега се докази против него, користел разни други пораки и ги барал и добивал пишаните верзии од усните испитувањата и од истрагата на оперативците на државното обвинителство.

Од пораките се гледа дека новинарот на Си – Ен – Ен настојувал да ги искористи своите врски во другите медиуми за да му помогне на тимот луѓе кои се подготвувал за одбрана од обвинувањата, кога станало јасно дека жените – жртви на однесувањето на гувернерот, се решени нивните случаи да се појават во јавноста. Исто така, се обидувал да разбере повеќе за тоа што другите репортери, новинари и медиуми знаат за случајот со гувернерот.

Повеќе од братска помош

Уредништвото на Си – Ен – Ен во своето соопштение признава дека еднаш, летоска му „прогледале низ прсти“ на Крис Куомо, испитувајќи го неговото однесување и тоа дали ја користи телевизијата за одбрана на братот гувернер. Тогаш, однесувањето на новинарот биле примено како „разбирлива желба за братска помош“.

Сега, меѓутоа, сметаат дека нивниот водител и коментатор ја има поминато границата до каде може да оди толеранцијата во нешто што се оценува како непримерно и неетичко однесување.

„Ова што овој пат го разбравме е многу повеќе од она што го знаевме во текот на летото“ – се вели во соопштението за исклучувањето од работа на Крис Куомо.

Тој самиот има изјавено дека немал намера да влијае врз истрагата за братот, како и да го контролира она што објавува неговата телевизија. Тој им се извинил и на сите соработници од екипата што била во неговата програма, за проблемите што би можеле да ги имаат поради соработката со него.

(Д.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе