Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Секој четиринаесети Швајцарец – милионер

MaksymKapliuk/Depositphotos.com

Секој четиринаесети Швајцарец – милионер

Еден истражувачки центар во Швајцарија има правено истражување за тоа каде има најмногу милионери во Европа/ЕУ, односно каде на Стариот континент живеат најмногу богати луѓе. И, како што и би се очекувало – истражувањето покажало дека во Германија ги има најмногу.

Во економски најмоќната европска држава – пресметано е дека богатството на Германците “тежи“ 16,4 билиони евра.

Во натамошното рангирање, втора е Франција со 12,6 билиони, а потоа – со по десет билиони евра – се Италија и Велика Британија (истражувањето е правено, додека Британците беа дел од ЕУ).

Во овие четири држави, личното (приватното) богатство на луѓето кои таму живеат било зголемено и во 2020 година – првата година која целата помина во услови на ковид пандемијата – иако Бруто националниот производ (БНП) на секоја од овие земји – било намалено.

Со истражувањата биле опфатено 16 земји од ЕУ, како и Британија и Швајцарија.

Експертите на швајцарскиот центар, притоа, утврдиле дека во таа 2020, БНП бил намален за 6,4 отсто – како директна последица на корона пандемијата, која се рашири низ целиот свет. Богатството на луѓето во четирите, прво рангирани европски земји, меѓутоа, се зголемило за 3,9 отсто.

Истражувачите не откриваат како се случило тоа (а, тоа не е само европски феномен, туку и американски – гледано низ примерите на Безос, Гејтс и Цукерберг), освен што се согласуваат дека јазот меѓу оние – супер богатите и богатите, со оние кои тоа не се, или се третираат како сиромашни – продолжува да постои и да се зголемува.

Споредбите што при тоа се правени, откриваат дека Швајцарија на тој план многу добро котира. Токму оваа земја има најмногу милионери, кога бројката ќе се мери според бројот на жителите. По тоа мерило дури 14,1 од Швајцарците се милионери, па земјата се наоѓа уверливо пред сите другите на континентот. Излегува дека секој четиринаесетти Швајцарец е милионер.

Тоа го објаснува високиот стандард на луѓето и приливот на високи стручни кадри во алпската држава кои доаѓаат од соседните земји, иако тие и самите се силно развиени и богати, како од Германија и Австрија, на пример.

Германија – поединечно броено – како најнаселена земја, сепак, има и најмногу милионери. Над 3,5 милиони Германци го имаат тој статус. Во Британија и во Франција, има 2,5 милиони.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе