Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Моето име е Ковид“

Kovid Kapoor/Twitter

„Моето име е Ковид“

Индија и нејзините преку милијарда жители и понатаму имаат проблеми со пандемијата со коронавирусот и болеста Ковид, но еден тамошен сопственик на интернет страница за планирање на патувањето, има многу повеќе од другите. Само поради своето име кое (надвор од неговата земја) и на сите јазици во светот звучи – застрашувачки.

Едноставно, човекот се вика Ковид. Тоа име на хинду јазикот значи – мудрец – но, последниве две години, од избувнувањето на корона пандемијата, зборот „ковид“ насекаде на планетата е симбол за тешка болест, поврзана со пандемијата и со смртта.

За да се спаси себе си од тоа луѓето да бегаат од него (и во самата Индија) и за да може да продолжи да работи, овој човек на интернет има огласено – „Моето име е Ковид и немам вирус“.

Сега им изјавил на новинарите дека конфузијата и неверувањето, сепак продолжила. Некаде на неговото име гледаат со неверување, а некаде го имаат примено со потсмев. Кога прв пат, по избувнувањето на пандемијата, патувал во странство, секаде го пречекувале со шегување, кога ќе поминел стравот и неверувањето.

Затоа и побарал од медиумите да направат приказна за него, па следните патувања во странство, барем да бидат забавни. Овој 31 годишен Индиец од Бангалур признава дека водењето бизнис, па уште агенција за патување, во изминатите две години се претвориле во „апсолутна ноќна мора“.

За да остане во бизнисот одлучил, наместо да го менува името, да тера шега со себе, па на почетокот на секој разговор со клиентите и со оние со кои треба да соработува – со неговото име Ковид. На медиумите им рекол дека тоа му помогнало, иако признава дека многу пати размислувал да најде ново име за себе. Најмногу му се опаднало името Кабир Капур, па дури понекогаш така и се претставувал.

Според него името Ковид е мошне ретко во Индија и верува дека освен него, само уште еден друг Индиец го има тоа име.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе