Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Поранешниот папа Бенедикт лажно сведочел

godongphoto/Depositphotos.com

Поранешниот папа Бенедикт лажно сведочел

Поранешниот папа Бенедикт признал дека лажно сведочел – давајќи лажна изјава – во времето на една поранешна истрага за сексуално насилство врз малолетници, во надбискупијата во Минхен, во времето кога таму бил на таа висока црковна позиција.

Бенедикт, претходно, ги отфрлаше сите сомнежи дека тој знаел што се случува во неговата надбискупија, како и дека не присуствувал на состанокот на едно високо црковно тело, во јануари 1980 година. Сега, меѓутоа, за прв пат, ја открива вистината и признава дека и тој бил на седницата на Ординаријатот.

Признание, срамување и жалење

Во напишано соопштение што го има публикувано неговиот личен секретар, надбискупот Георг Гансвајн, се прави исправка на првичната изјава на Бенедикт. Во него се вели дека поранешниот папа се срамува (од својата постапка) и „длабоко жали за страдањата на жртвите“.

Според црковната агенција Катпрес, Бенедикт замолува да се има разбирање што тој полека го чита долгиот извештај, затоа што е веќе во длабока старост и е сериозно болен, па дека затоа ќе му треба време, за да може на крајот да даде поцелосно објаснување и да го изнесе својот став.

Сепак, веќе сега, признава дека спротивно на поранешните тврдења, бившиот папа, како тогашен надбискуп, сепак, присуствувал на седницата од пред точно 41 година.

Според сегашното објаснување, лажната изјава не ја има дадено со лоша намера, туку како последица на „грешката при обработката на неговата изјава“. Но, и сега уверува дека на таа седница не станало збор за свештеникот кој се споменува во случајот со сексуалното насилство.

Обвинет што не реагирал

Станува збор за цела низа сексуални изнасилувања што во минхенската надбискупија го имаат извршено локални католички свештеници, во еден долг период кој почнува во 1945 и трае се до 2019 година. Во извештајот, Бенедикт се обвинува дека не реагирал за четири случаи на сексуално насилство, за кои се тврди дека знаел што се случило.

Поранешниот папа Бенедикт поднесе (неочекувано) оставка, не чекајќи, како сите негови претходници, поглавар на католичката црква да остане до крајот на животот. Повлекувањето го објасни со влошеното здравје и неспособноста да ја врши должноста за која беше избран.

Неговиот потег беше и остана случај без преседан на современото историја на Ватикан и на католичката црква, затоа што со изборот на новиот поглавар Франциско, поранешен надбискуп во Буенос Ајрес, во Аргентина – во Светиот стол (практично) има двајца папи. Еден во служба, а другиот во пензија. Последен пат тоа се случило пред околу петстотини години.

Во времето на криминалните случувања во надбискупијата во Минхен – како Јозеф Рацингер тој беше нејзин надбискуп и на таа позиција остана од 1977 до 1985 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе