Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Северна Ирска: Половина век од „Крвавата недела“

graphicjet/Depositphotos.com

Северна Ирска: Половина век од „Крвавата недела“

Во Северна Ирска беше одбележана 50 годишнината од “Крвавата недела“ (Bloody Sunday) од времето на неколку децениските судирања на католиците и протестантите во Алстер, во Велика Британија, кога британските војници во Лондондери отворија оган и убија 13 млади луѓе,  додека во градот се одржуваа протести за човекови права.

Половина век подоцна, иако трагичниот настан од т.н. „Сиви години“ во Северна Ирска, за британските власти и за официјален Лондон се смета како затворен случај, јавноста во покраината, роднините на жртвите, како и голем дел од британската јавност се уште очекуваат да разбираат што (навистина) се случи на 30 јануари 1972 година и кој е одговорен за масакрот врз локалните католици, на улиците во градот што републиканците – националисти го нарекуваат Дери.

Нема одговорни и виновни

Таквите дилеми и неодговорени прашања се отворија и кај присутните на комеморацијата – во најголем број само блиските на убиените и преживеаните – меѓу кои беше и премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин кој положи венец на споменикот што потсетува на крвавиот настан.

Останува само да се прераскажува она што сите изминати децении се повторува – дали навистина требаше да се случи „Крвавата недела“ во кој католиците од покраината велат дека била „убиена“ цела една генерација млади Северноирци, тогаш кога требаше да живеат.

Она што се знае е дека припадниците на британскиот падобрански полк имаат убиено 13 невооружени лица – најмногу тинејџери и помлади полнолетници – а други 15 потешко и полесно повредени, а досега никој нема за тоа одговарано.

Сите жртви беа дел од поворката демонстранти кои излегоа на протести, откако северноирскиот Парламент – Стормонт – усвои закон според кој луѓето можеа да бидат уапсени без обвинување, судење или без испрашување за нивната вина.

Протестот го организираше Асоцијацијата за човекови права на Северна Ирска. Локалните власти не дадоа дозвола за организирање на демонстрации и на помош ја имаат повикано британската армија.

Сокривање на вистината

Иако без формална дозвола, демонстрантите излегле на протестот, настојувајќи да спречат малата маса луѓе да излезат на главната улица во градот.

Војниците постојани поставувале огради (барикади) на секоја од попречните улици, терајќи ги луѓето на челото од колоната демонстранти во малите улици на Лондондери и апсејќи ги младите, затоа што учествуваат во „нелегален“ протест.

Во таа нервозна атмосфера, сосема без потреба создадена, демонстрантите почнале да фрлаат камења по војниците, а тие одговориле со истрели со гумени куршуми, со солзавец и водени топови.

И, тогаш, додека војниците апселе, од редовите на армиските сили бил отворен оган од огнено оружје. Се уште не се знае кој тоа го наредил (ако имало таква команда) кога војската видела дека оние кои ги апсат се невооружени и зошто почнало да се пука во масата демонстранти.

Биле убиени сите кои се нашле на почетокот од протестната поворка. Дури и некои лондонски весници настанот го имаат прикажано како – ладнокрвно убиство на невооружени цивили.

Извинување од Лондон

Во 2010 година, после 38 години од „Крвавата недела“, британската влада во Лондон СЕ ИЗВИНИ, откако една официјална истрага заклучи дека војниците почнале да пукаат БЕЗ НИКАКВА ПОТРЕБА ЗА ТОА и тоа врз демонстрантите кои бегале од местото на протестот, па некои се погодени и убиени од зад грб.

Британската војска долго време ги има сокривано деталите и своите сознанија за пукањето и убиството на момчињата, лажејќи ја северноирската и британската јавност за случувањето во Лондондери.

Работите станаа појасни кога официјалната истрага ги поништи извештаите од претходните истраги на локалните власти и не ги прифати „фризираните“ извештаи на војската во кои пукањето се оправдува со присуството на вооружени припадници на ИРА меѓу демонстрантите, што се покажало како сосема неточно.

Во 2019 година, еден војник, беше обвинет за убиство на двајца цивили и за ранување на други четири лица. Но, една година подоцна, обвинителството одлучи да го затвори неговиот случај – без судење. Заклучокот беше дека доколку се продолжи со процесот – „не постојат изгледи за донесување пресуда“.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе