Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Жаир против Амазонската шума

nun.prctm/Depositphotos.com

Жаир против Амазонската шума

Сечењето дрва во Амазонската шума во Бразил, само во јануари оваа година далеку ја има надминато сечата во истиот период лани. Уништени се дрва на површина од 430 квадратни километри, или на територија која е седум пати поголема од Менхетен во Њујорк.

Направените сателитски снимки и добиените податоци покажуваат дека е уништена шума на територија што е пет пати поголема отколку онаа во јануари 2021, што е рекордно голем број “паднати дрва” во периодот од 2015, па до сега.

„Белите дробови“ на планетата

Екологистите, кои инсистираат Амазон да се заштити, затоа што има витална и суштинска важност во борбата против климатските промени, за ваквата состојба обвинуваат бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека не само што дозволува, туку дури и ја поттикнува и ја забрзува дефорестијацијата.

Со децении областа околу реката Амазон се “расчистува” заради добивање дрвна граѓа, но и за да се создаде простор за земјоделски насади за потребите на бразилските и глобалните компании за снабдување со храна.

На Самитот за климатските промени КОП26, одржан во Глазгов минатата година, повеќе од 100 влади од светот ветија дека ќе направат се што е можно да запре сечата на шумите и да се отпочне со нивната обнова, во следните осум години, се до 2030.

Но, најновите сателитски снимки направени од бразилската вселенска агенција INPRE, според тврдењето на екологистите, ја доведуваат во прашање искреноста и дадените ветувања на владата на Бразил – за заштита на големата прашума, позната и како – “белите дробови на планетата Земја “.

Бразил спротивно на ветувањата

“Податоците, меѓутоа, уште еднаш покажуваат дека дејствувањето на владата во Бразилија е спротивно на кампањата за заштита и обнова на природата” – велат од бразилскиот огранок на организацијата Greenpeace.

Активистите од Greenpeace, затоа, ги повикаа супермаркетите во Велика Британија, но и насекаде низ светот, да се откажат од соработката со снабдувачите кои на некој начин се инволвирани во уништување на шумите.

Домородното население во реонот на реката Амазон со децении се бори за заштита на прашумата во која живеат и од која живеат, како и да го одбранат нивниот начин на живот, претседателот Болсонаро продолжува да ја ослабува еколошката заштита. Сега уште и се има вклучено во некаква популистичка кампања со која настојува да ги увери домашната јавност и локалното население дека владата би требало да продолжи да ги експлоатира природните резерви – за да се намалела сиромаштијата.

Огромната прашума долж Амазон, во Бразил, апсорбира големи количества штетни гасови од атмосферата, дејствувајќи како своевиден “одвод за јаглеродот”. Но, колку повеќе дрва се исечени, толку е помала шумата што треба да ги впива штетните гасови.

(Б.С.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе